Заборавивте каде ви се клучевите? Ова е брзо решение да се потсетите
Научниците од Универзитетот Surrey велат дека до заборавените информации најбрзо може да се пристигне со затворање на очите. Тоа ја подобрува концентрацијата и работењето на мозокот.
Колку и да се трудите веќе половина час се шетате околу дневната и се обидувате да се сетите каде последен пат ги оставивте клучевите од автомобилот, сепак не успеавте? Пристигнувате до најблискиот банкомат и никако не ви текнува кој ви беше пин кодот од картичката?
Ако никако не можете да се сетите на овие информации најдобро решение за вас е да ги затворите очите, длабоко да вдишете и да се обидете да ги вратите заборавените информации назад.
Истражувачите од Универзитетот Surrey ја тестирале способноста за памтење на 200 луѓе на тој начин што во две серии им пуштале еден филм без звуци, а друг филм со звуци. Испитаниците ги поделиле на два дела: едната група требало со отворени очи да се присетат, а другите со затворени очи. Задачата во првиот случај им била да кажат што виделе, а во втората што точно слушнале.
Оние кои ги затвориле очите во 71% од случаевите одговарале точно, а оние кои биле со отворени очи точно одговарале во 48% од случаите.
Суштината лежи во тоа што со самото затварање на очите се одвојуваме од надворешниот свет и потполно влегуваме во светот на нашите мемории. Така мозокот многу полесно и побрзо работи со што формирате подобра ментална слика.
Ова веќе одамна се користи при истражувањето на криминалните случаи во полицијата, а може и вам да ви помогне при пронаоѓањето на изгубените предмети и заборавените пин кодови, пасворди или предмети како клучеви и ливчиња на кои сте запишале важни информации.