Пред 41 година го украле од неговата мајка, сега првпат ја запознава
Украден и насилно одземен од неговата мајка пред 40-тина години, Тревис од Вашингтон конечно ја има првата средба со неговата биолошка мајка на Интернационалниот аеродром во Сантиаго.
Тие не би можеле да си прозборат дури и да сакаат. Мајка му не збори англиски, а тој целиот живот го минал во средина каде не се говори шпански. Тоа не било препрека за нив. Преку Фејсбук групите за пребарување на изгубени деца успеале да се поврзат и да имаат можност за првата топла прегратка.
Тревис не е единствен случај на украдено дете во Чиле. Како што вели директорот на државната агенција за заштита на децата „Ова повеќе не е мит. Сега имаме цврсти докази дека ова се случува и е реалност.“ Во периодот меѓу 70-тите и 80-тите кога во земјата владеело диктаторство, постојат илјадници случаи на украдени деца и нелегални посвојувања. Ги викаат „деца на тишината“. Некои од нив украдени, а некои продадени од нивните баби и дедовци затоа што сакале да ја прикријат срамната бременост на нивните ќерки.
Новородениот Тревис завршил илјадници километри подалеку од неговото родно место Чиле и бил одгледан од пар во Вашингтон. Парот немал никаква идеја за тоа како Тревис завршил тука и што стои зад неговата приказна. Се што знаеле е дека очајно посакувале свое дете и добиле.
„Отсекогаш знаев дека сум посвоен“ - вели Тревис. Она што не знаел до неодамна е дека бил украден како малечок само неколку часови по неговото раѓање.
Тревис се надева дека знаењето за неговото минато ќе му помогне да премине преку психолошките трауми и страдањето кое го имал сите овие години. „Знаете што? Откако знам дека не сум бил оставен по желба како што мислев сите овие години, се чувствувам прекрасно но, сеуште се привикнувам на ситуацијата. Сето ова се уште ми се чини како многу нереално“ - вели Тревис.
Кога станува збор за неговата мајка, таа вели дека немаа никакви проблеми при бременоста и знаела дека родила прекрасно мало и здраво момче во 4 часот наутро но, нејзината среќа многу бргу исчезнала и преминала во тага и потрага долга 4 децении по синот кој и бил одземен.
Рејес неколку часа по пораѓањето била информирана дека нејзиниот син се родил со срцева мана и починал. Телото никогаш немала шанса да го види ниту пак добила посмртница.
Тревис вели дека потрагата по неговата биолошка мајка започнала уште во неговите 20-ти но, тогаш ги немал вистинските врски. 20 години подоцна го добива резултатот од ДНК тестирањето и ја пронаоѓа неговата биолошка мајка. Ова откритие особено ја погодило мајката која го посвоила но како што вели тој: „Никогаш нема да ја напуштам мајка ми таа ме одгледала но, сега имам две мајки и ја знам вистината за себеси“.
Откако се сретнал со неговата мајка сега е зафатен со запознавање на неговите 4 браќа и сестра. „Сега сум дома... претпоставувам и можам конечно да ја запознаам средината каде требало да живеам“. Неговата мајка можеби не збори англиски онака како што он не умее да збори на шпански, но љубовта ја покажува со бакнежите и гушкања кои требало да ги добива уште многу одамна, а немал можност за тоа.