Фотки кои ќе ви ги отворат портите на душата
Се вели дека сликата вреди колку 1000 неискажани зборови и повторно успева да раскаже приказна без отварање на усните и употреба на гласните жици.
Во 1921 година Фредерик Бернард анализирајќи ја ефективноста на графичките претстави во рекламирањето изјавува: „Еден поглед вреди колку 1000 зборови“ и натаму продолжува со земјата од која тој смета дека потекнува оваа мисла. Кина, Јапонија, Конфучие, многу претпоставки кои упатуваат кон источниот свет. Нема да се задржуваме на историјата.
Во секој случај исказот е точен со оглед на тоа што сликата, без разлика на тоа дали е обична фотографија, слика од Пикасо или карикатура, комуницира со нашата душа брзо и точно. Нејзиниот јазик е универзален затоа што се служи со сетилото кое најмногу го сакаме и употребуваме. Нашиот вид.
Се сеќавате на старата народна приказна која ја даваа на телевизиските канали? Онаа каде окото тежи повеќе од било што друго на светот? Повеќе и од најголемото злато?
Да се послужиме со зборовите на Ганди. Не со причина имаме две очи и само една уста.
Пикасо вели: „Од време на време човекот создава слика која се чини дека ги отвара портите и служи како почетна точка за многу други нешта“. Токму така. Една слика може да ја опфати севкупната есенција на она што го прикажува. Нејзината моќ е поголема од зборовите на било кој писател или поет.
Сликата не е само мешавина на бои, текстури и перспективи. Сликата е моќна алатка за предизвик на емоциите и душевноста. Дали знаевте? Според едно истражување на интернет корисниците, дури 7.4 пати поголема е веројатноста дека ќе кликнат на содржина која е богата со слики, одошто на „штурите“ празни текстови.
„Никогаш не читам. Само гледам во слики“, рекол Енди Ворхол. И со право. Сликите се неверојатно комплексни со нивната едноставност. Една мала слика, сцена, движење раскажуваат цела една приказна.
Постои оптичка илузија во која некои од гледачите ја забележуваат само чашката, а останатите гледаат ликови свртени еден кон друг. Оваа илузија на психологот Рубин е една од многуте прмери кои се обидуваат да покажат дека сликата, дури и онаа наједноставната, составена само од бела површина и црни линии може секогаш да има повеќе значења.
Важно е како ние ќе ја доживееме. Важна е нашата моментална состојба. Среќни ли сме? Опуштени? Весели? Тажни? Сликата влијае на нас и ние на неа. Можеме неверојатно бргу да го менуваме нејзиното значење.
Во едно од познатите дела на Оскар Вајлд се опишува слика која ги крие сите мрачни тајни на човековата душа. Сликата на Доријан Греј младиот човек кој е бесмртен и безкрупулозен, но тоа не се забележува на него. Неговата слика ги крие сите тајни на неговата душа и ги пресликува сите белези.
„Сликата не плени. И не можевме да излеземе надвор од неа затоа што се чинеше дека ни стои во главите и јазикот и обратно, јазикот се состоеше во неа. “ - Лудвиг Витгенштај