Паметни реченици со кои ќе победите во кавга

На сите ни се случило да ни текнат илјадници реченици, кои сме можеле да ги кажеме во текот на кавга, но откако таа ќе заврши. Затоа, запомнете ги овие реченици и надминете го соговорникот...

pametni-recenici-so-koi-kje-pobedite-vo-kavga-1

Секако овие фрази немаат цел никого да навредат, затоа кога ќе ги користите бидете внимателни за да не навредите некого.

Низ шега и насмевка победете во расправија:

1. „Ако планираш да имаш две лица, барем едното нека биде убаво!”

Кога некој од вашите пријатели често го менува своето однесување, тогаш употребете ја оваа фраза. Секако јасно покажете дека се шегувате со цел да не го навредите соговорникот.


2. 
„Можам да кажам убави работи за тебе, но повеќе сакам да ја кажам вистината!”

Од мали нè учат дека лажењето е лоша работа, тогаш зошто би лажеле некого?


3. 
„Следниот пат кога ќе се видиме потсети ме да не разговарам со тебе!”

Кратко и јасно. Не трошете време на луѓе кои едноставно не вредат.


4. 
„Знам дека звучам како идиот, но морам инаку не би разбрал/а што кажувам!”

Со ваквата изјава ќе ги натерате останатите да се насмеат, а вие секако ќе победите во кавгата бидејќи и понатаму изгледате сериозно и стоите зад своите зборови.


5. 
„Секако дека би сакал/а да навлезам со тебе во битка, но никогаш не напаѓам невооружени”.

Ова е најдобриот начин некому да покажете дека едноставно сте попаметни и посмирени, а најинтересното е што на соговорникот ќе му треба уште долго да разбере што сте сакале да кажете.


6. 
„Посакувам твојата уста да имаше snooze копче”

Ако некоја личност само зборува и не престанува, ова е најдобриот начин да ја замолчите без да ја навредите.


7. 
„Нема поента да те убедувам да разбереш, бидејќи не си способен/на!”

Некои луѓе се изгубен случај.

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg