Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Француска порака во шише

Мистериозно љубовно писмо, кое најверојатно го напишала французинка на својот оженет љубовник, стигна во шише до британското крајбежје...

 

... предизвикувајќи силен спектакл по локалните медиуми.

Овој викенд беа најдени 3 испишани страни, полни со страсти и љубов како и прамен коса, романтично спакувани во шише, а пронајдени на една плажа во јужна Англија.

Пораката на авторката со скршено срце е објавена на сите британските радио станици и на интернет. Шише од frnacuska-poraka-vo-sise1"heineken" пиво затворено одозгора, го пронашол Мартин Лесли, припадник на крајбрежната стража, додека шетал со своето семејство.

Го отворил шишето и ја прочитал пораката, но се збунил кога открил дека во писмото покрај љубовта се споменува и смртта, па веднаш ги контактирал француските власти.

"Помислив дека може да се работи за самоубиство", изјавил Мартин. Меѓутоа, француските власти дошле до заклучок дека љубовното писмо било упатено на оженет маж на кого авторката не смеела да му ги открие своите чувства, поради што се долучила својата порака да ја стави во шише и да ја фрли во морето.

Мартин Лесли смета дека шишето е фрлено во морето од северниот дел на Франција. Како што пренесуваат британските медиуми, писмото носи датум од 25-ти септември, но останува да се види дали се работи за реална љубовна приказна или за шега.

Би можело да ве интересира:

Историски фотки од значајни луѓе и настани кои ќе ве замислат Последната фотографија од Ана Франк, изразот на Французин кој првпат пробува Кок...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
Афера со вработен на Доналд, користи двојничка: Најлудите шпекулации за Меланија Трамп Една од најпознатите теории на заговор за Меланија е дека користи двојничка биде...
Како изгледаа музичките концерти кога немавме мобилни телефони? (фото) Во времето без мобилни телефони луѓето палеа запалки за да направат „ѕвездено не...
5 работи што не треба да ги подарувате на домаќините за Св. Никола (и со што да ги замените) Со пари може да ги навредите домаќините, кои ќе помислат дека сакате да си ја пл...
По шест прсти на рацете, цветови во рожницата - 12 луѓе со уникатни природни карактеристики (фото) „Имам таканаречен Харлекин синдром, па кога трчам само половина од лицето ми се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg