Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој знак што го нервира?

koj-znak-shto-go-nervira-povekjeМразите лажење? Ве нервираат зборлести личности? Не сакате да ви наметнуваат мислење? Погледнете според хороскопскиот знак дали навистина...

 

...ова се работите кои ве иритираат најчесто во животот.

Овните најмногу ги иритира туѓата пасивност и лажење. Ако Овенот нешто мрази - тоа е кога го гледаат во очи и го лажат. Тоа најстрого го казнува без минимум толеранција. Не ги сака ни оние кои се улижуваат и “пикаат“ како ниту оние кои денес ветуваат едно, а утре се прават како ништо да не кажале, а камо ли ветиле.

Биковите не сакаат кога ги тераат нешто и кога тоа мораат да го направат брзо па затоа ги иритираат луѓе кои се секогаш во некое брзање и гужва. Мразат уценувачи и мрзливи (а такви често им се закачуваат како привезок и бараат “спонзорство“ од било каков вид)

Близнаците ги иритираат оние кои плански им ги крадат информациите, како и оние преозбилни типови кои секогаш критикуваат и бараат “влакно во јајце“. Не ги сакаат ниту оние кои секогаш од нив бараат одговорност и очекуваат да бидат сериозни, од причина што да се биде сериозен Близнак едноставно е невозможен потфат.

Раковите најмногу ги иритира туѓата бесчувствителност или обиди за освојување на нивната територија. Не можат да ги поднесат оние кои се мешаат во нивните односи со останатите и го “пикаат носот“ кај што не треба. Не ги сакаат оние кои не ги почитуваат правилата за однесување во нивниот дом или често се појавуваат ненајавени.

Лавовите најмногу се лутат на оние кои често ги игнорираат и не го забележуваат сјајот на нивната појава. Не ги сакаат и оние кои се ценкаат околу некои желби, а секогаш ги заобиколуваат оние кои со својата духовитост и сјај сакаат да ги “симнат од престолот“ и да го привлечат вниманието на нивните обожаватели.

Девиците мразат неуредни и намуртени луѓе, оние кои се неорганизирани како и оние кои прават глупости во афект и потоа ги “гњават“ Девиците да им помогнат со своите совети и аналитички способности. Исто така не им се драги бучните луѓе и фалбаџиите.

Вагите мразат да бидат во друштво на простаци и галамџии како и личности кои на било каков начин се склони на нечистотии. Мразат грубост и насилство и ситуации кога се наиѓаат во центар на некоја расправија или караница.

Скорпиите мразат издаици, луѓе кои ги изиграле или ги оставиле на цедило (што секако нема да го простат никогаш). Не сакаат луѓе кои се наметнуваат како и оние кои постојано нешто испрашуваат и чепкаат во нивната интима. Трачарите им се најиритантни.

Стрелците секогаш ги избегнуваат оние кои сакаат да ги заробат и да им ја ограничат слободата. Не сакаат личности кои се фанатици за нешто, затоа што Стрелците со време ги менуваат своите мислења и не сакаат кога некој им наметнува мислење со сила.

Јарците мразат личности кои на секаков н ачин се обидуваат да им го нарушат изгледот (положбата во друштвото). Ги нервираат зборливци, неодговорни и оние кои си играат со нивните пари.

Водолиите ретко може нешто да ги изнервира затоа што тие едноставно немаат време за да го анализираат туѓото однесување, и секогаш се привлечени од нешто ново и необично. Но, сепак, ги иритираат конзервативни, затворени луѓе затоа што со нив е тешко да се воспостави комуникација.

Рибите бегаат од не-емпатични и емоционално индиферентни личности, како и од оние кои немаат ни малку фантазија. Ги иритираат материјалисти, но и критичари, како и оние кои се вечно намуртени и претерано сериозни. Не им се драги ниту површни личности, како и оние кои ги тераат преку ноќ да променат некоја своја навика.

Би можело да ве интересира:

„Направете нешто смешно со фоткава“ - Кога Фотошоп генијалци сериозно ќе си ја сфатат работата „Може ли некој да го тргне мојот бивши од фоткава?“ - луѓе на Редит бараат од пр...
Кога дизајнерите ќе претераат со креативност – смешни и неупотребливи предмети (фото) Бизарни украси кои чинат цело богатство и мијалник кој изгледа добро, но ќе треб...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
6 работи што ги сметаме за некултурни, но се знак за учтивост во други земји Знаевте ли дека во Индија, па и Турција, ждригањето на маса е добредојдено бидеј...
16 фото-докази дека бракот никогаш не е здодевен „Дома почна да мириса на изгорена пластика, сопругот ме зеде за рака, ме одведе ...
Како културно да се справите со некултурните луѓе, низ илустрации Како да одговорите на забелешките од типот: „Леле си се здебелила“, „Знаеш дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg