Голтнала 78 вилушки и лажици
Холандските доктори неодамна примија пациент кој се пожалил на болки во желудникот кои биле од малку понеобична природа, а кога рентгенската...
... слика била направена, целосно ги шокираше докторите.
Имено, во желудникот на 52-годишната Маргарет Далман биле пронајдени дури 78 парчиња од прибор за јадење, односно 78 парчиња на лажици и вилушки.
Далман во истиот момент завршила на операциониот кревет, додека хирурзите се обидуваа што побрзо да го решат проблемот со нејзиниот желудник, вадејќи ди парчињата едно по едно.
"Се чини дека оваа жени пати од некаков вид на опсесија и секој пат кога ќе седне да јаде, таа го игнорира јадењето и го јаде приборот наместо храната", изјавил еден од холандските доктори за медиумите. Далман не понудила никакво подобро објаснување: "Искрено не знам зошто чувствувам потреба да го јадам приборот за јадење, но не можам против тоа".
Со оглед на количината на сребро која докторите ја извадија од нејзиниот желудник, беше јасно дека не се работи за еден нескреќен случај. Ни самата Маргарет не може да даде објаснување зошто на своето 'мени' главното јадење е самиот прибор.
Пореметувањето од кое пати Маргарет е слабо проучувано и многу малку се знае за него, но таа е пример дека ова пореметување може да се јави кај луѓето, без разлика на тоа што шансите и застапеноста засега се многу мали.
На докторите не им е лесно да го објаснат овој феномен, каде што речиси е невозможно да се контролира ваквото компулсивно однесување, каде лицата јадат се што ќе им дојде при рака.