Решив еден ден да не се жалам за ништо. Не зажалив за оваа одлука...

Знам дека никој не е совршен и ничиј живот не е најубав, секому нешто му фали, а мене ми фалеше премногу сè додека не сфатив дека тоа што фали е ништо во споредба со тоа што го имам.

resiv-eden-den-da-ne-se-zalam-za-nisto-ne-zazaliv-za-ovaa-odluka-2

Постојано се жалев на љубовниот живот, не можев да најдам соодветен партнер, исто така се жалев на работата која ја имам, се жалев на пријателите кои не можев да ги трпам, а се дружев со нив, се жалев на семејството, на финансиската ситуација, се жалев од самата себеси.

Никогаш немав доволно време, доволно пари, доволно љубов, никогаш немав доволно од ништо сè додека еден ден прочитав една поговорка која велеше:

„Обидете се да не се жалите од ништо еден цел ден, ќе забележите голема промена во својот живот.“

Решив да ја послушам оваа поговорка и не се жалев за ништо цел ден, наместо да се жалам што не сум наспана тоа утро, се радував што воопшто се разбудив.

Одлучив истото да го правам со сите останати работи за кои се жалев претходно, да ја гледам нивната позитивна страна.

Сфатив дека тоа што сè уште не можам да најдам соодветен партнер, значи дека истиот не ми е потребен, а јас можам да уживам во мојата слобода и да правам што ќе посакам, со кого ќе посакам.

Сфатив дека со тоа што ја мразам работата која ја работам, знам точно која работа сакам да ја работам и дадов отказ наредниот ден, започнав да барам работа според моите желби.

Сфатив дека со тоа што лажните пријатели се појавиле во мојот живот, ми дале моќ да распознаам вистински од лажни денес, ги откачив сите до еден, сфатив дека подобро функционирам сама.

Подобро да си сам, отколку со лажни луѓе околу себе, запомнете го тоа.

Исто така сфатив дека не можеш да одбереш кое ќе ти биде семејството, па затоа треба да го прифатиш какво што е и да продолжиш по својот пат по кој чекориш сам, а не со твоето семејство.

Со тоа што престанав да се жалам за финансиската ситуација сфатив дека парите се насекаде, но јас зафатена од толку жалење не можев да го видам начинот на кој ќе стигнам до нив.

Најважното нешто што го сфатив од тој ден поминат без жалење за ништо, беше тоа дека јас сум совршена, со своите мани и недостатоци кои ме прават уникатна.

resiv-eden-den-da-ne-se-zalam-za-nisto-ne-zazaliv-za-ovaa-odluka-1

Сфатив дека ќе си бидам себеси друштво до крајот на мојот живот и подобро ќе биде да си останам добро друштво, отколку само да се жалам на самата себеси.

Ако јас не се сакам, нема да ме сака никој, ако не се почитувам сама, нема да ме почитува никој, ако се сожалувам сама, што останува за другите, нели?

Затоа доколку вие се жалите како што тоа го правев јас во минатото, обидете се еден ден да го поминете без жалење, промената која ќе ја доживеете ќе биде прекрасен почеток на нов живот за вас!

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg