Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Моментот кој долго го очекував!

Седеше на шанкот, потпрен, во раката држеше шише пиво и од време на време го креваше да потпивне.

momentot-koj-dolgo-go-ocekuvav-1

Очите полека, таинствено и пијано му шараа низ клубот. Очилата му беа замаглени од сето тоа играње, дишење и пеење на тие околу него.

Од време на време и нив ги поткреваше и ги вадеше бришејќи ги со работ на блузата. Сината блуза, бидејќи знаеше дека таа сака кога ќе го види во неа.

Но, не знаеше дека одамна беше оладена за него, како коцка мраз се направи девојката, секој што ќе ја допреше наместо да ја стопи ја заледуваше уште толку бидејќи беше уплашена, изневерена.

Како да му верува на некој друг кога тој што ја учеше на искреност и доверба ја изневери нејзината?

Таа беше силна, знаеше дека тоа е само период, но тој не знаеше. Мислеше дека сè уште може да ја има, после секојпат откако ќе ја остави, ќе ѝ свирне и таа повторно ќе се врати како мало кученце желно за љубов и нежност.

Тој и натаму ја чекаше во клубот на шанкот, како порано, мислејќи дека ќе се појави.

Измина половина час, еден, два часа…

Го испи деветтото пиво и сакаше да порача десетто и го направи тоа знаејќи дека ќе се допијани.

Седејќи така со пивото во рака, потпрен ги гледаше девојките кои му играа пред очи кога наеднаш го почувствува нејзиниот парфем во позадина.

Се слушна силен тресок на кршење стакло под неговите нозе, а тој за малку ќе се струполеше над парчињата срча дококолу не го задржеше шанкерот од спротивната страна на шанкот.

Покрај него помина девојка облечена во широки фармерки и шангајки, не ја погледна целосно, знаеше дека не е таа, никогаш не би облекла широки фармерки, а ниту пак шангајки, уште помалку во диско.

Ги извади очилата и почна да плаче, како мало дете на кое му паднала цуцлата од уста.

Пријателите околку него го седнаа убаво на шанкот и му порачаа сокче за отрзнување.

Тој не престана да плаче, уште полошо започна да липа и ја надгласи музиката во клубот. Наеднаш застанаа сите, музиката запре, се слушаше само тој како завива.

Во главата му се вртеше фактот дека тој ден беше негов роденден, сè уште е во градот кој го мрази, седејќи на шанкот кој не може да го поднесе со своите лицемерни пријатели кои се таму за него само поради неговите пари и ништо повеќе.

Работи работа која не ја поднесува и се теши дека ќе замине еден ден, ден кој никогаш нема да дојде бидејќи е кукавица и нема храброст да го направи тоа.

Сфати дека ја изгуби девојката која го сакаше и која беше безрезервно искрена кон него, му помагаше му ги отвараше очите секогаш кога беше потребно, го спасуваше од давење бидејќи не знаеше да плива во реката наречена живот.

Сите тие слики му прелетаа пред очи, сеќавањата му застанаа во грлото како кнедла која ја голташе, но проклетата никако да замине.

Липањето го снема, му останаа само немите солзи кои врело се тркалаа низ неговите жешки, црвени образи и паѓаа на неговата сина блуза, која го потсетуваше на неа.

Во суштина сè го потсетуваше на неа.

momentot-koj-dolgo-go-ocekuvav-2

Си го облече кожното палто и замина, а таа седеше сама во последниот ќош на клубот и го набљудуваше цело време.

Се смешкаше како мало ѓаволче бидејќи го виде на дното, потпивнуваше од нејзината вотка и уживаше во глетката која ја чекаше долго време.

Глетката која секогаш ќе ѝ остане во сеќавање исто како и оној момент кога тој ѝ рече да си ги спакува куферите и да ја нема.

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
14 случаи кога реалноста е многу полоша од очекувањата - Што порачав, а што добив? „Им напишав толку негативна критика, што ми рекоа дека ќе ми платат за да ја пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg