Кога ти пречи светлината, исклучи ја сијалицата!

Често трпиме работи, ситуации или личности без да ја знаеме вистинската причина за тоа.

koga-ti-preci-svetlinata-iskluci-ja-sijalicata-1

Истите не носат ништо корисно во нашиот живот, но додаваат во отежнување на истиот, а ние иако сме свесни за тоа, сепак ги трпиме...

Зошто кога светлината ти пречи, ја исклучуваш сијалицата, ставаш очила или пак се криеш во најтемниот агол од твојата соба уживајќи во темницата која ги одмора твоите очи?

Затоа што тоа е човечки рефлекс предизвикан од очниот нерв кој го тера твојот мозок да најде решение за окото да се чувствува способно да те служи до крајот на животот, во спротивно би ослепел, нели?

Истото се случува и со мозокот, психата ти кажува дека некои работи, ситуации или личности треба да се тргнат од твојот видик, но ти постојано се гледаш во нив, не заштитувајќи се себеси од нивното негативно влијание.

Престани со тоа веднаш, бидејќи нема да ослепиш, како што е случајот со окото, туку твојот мозок ќе прегори од внесување непотребни информации, извршување на непотребни услуги и работи, трпење на различни непотребни ситуации за кои мислиш дека не постои излез.

Излезот постои, тој се наоѓа во твојата глава, во твоите човечки рефлекси!

Кога нешто сакаш да го правиш, прави го, кога не сакаш, елиминирај го, многу е едноставно, исто како кога ти пречи светлината, а ти веднаш посегнуваш по прекинувачоти ја гаснеш сијалицата.

koga-ti-preci-svetlinata-iskluci-ja-sijalicata-2

Изгасни ја овојпат и секој следен пат кога ќе се почувствуваш загрозен, не дозволувај светлината да ја попречи твојата перцепција и да те ослепи, наместо тоа покажи дека си посилен од неа и уживај одмарајќи се во темницата!

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg