5 Прашања кои паметна жена треба секојдневно да си ги поставува

Ако се чувствувате збунето и немате соодветен одговор за истите, тогаш бидете трпеливи и работете на себе, а големите одлуки оставете ги за кога ќе бидете повеќе подготвени.

5-prashanja-koi-pametna-zena-treba-da-si-gi-postavuva-sekojnevno-1

Да си одговорите искрено на себе, не е воопшто лесна работа, бидејќи тука не постојат лаги, измами или изговори.

Без разлика дали станува збор за љубов, работа или некој животен пресврт, поставете си ги овие 5 прашања:

1. Која сум јас?

Кога последен пат сте седнале и сте размислиле за тоа каква личност навистина сте? Не станува збор за личноста која мислите дека сте, туку за таа што сте токму во овој миг. Личност со која живеете 24 часа, 365 денови во годината. Колку повеќе ќе дознаете за себе и за своите ставови, толку полесно ќе идентификувате што е добро за вас.


2. Дали моите одлуки се резултат на тоа што сум?

Кога се притискате себе да кажете „Да”, а всушност мислите „Не”, продолжувате да чекорите по пат кој е погрешен и кој ве форсира да ставите насмевка на лице тогаш кога се чувствувате навредени. Штом ќе се почувствувате дека сте се издале себе, своите цели, планови, дури тогаш ќе сфатите дека вашите одлуки биле погрешни.


3. Што навистина сакам од сето ова?

Дајте си на себе повеќе избори, без при тоа да се осудувате, бидејќи само така ќе имате самодоверба кога ќе дојдат и некои поважни одлуки. Ова прашање можете да си го поставите во најразлични ситуации, почнувајќи од спиење со поранешниот партнер или за штедењето за одмор од соништата, наместо да ја испразните сметката на коктели.


4. Која е целта на ова?

Наместо да се затворите во себе и да ве фаќа паника кога се чувствувате дека ништо не оди на добро или константно да се изложувате на стрес, споделувајте информации. Комуницирајте со партнерот за тоа како да ја зајакнете врската, зборувајте со колегите за тоа како да сработите подобро или да го положите тој еден испит. Ако го оставите вашиот мозок сам да се снаоѓа во хаосот, со тоа не само што ќе си изгубите драгоцено време, туку и ќе си наштетите на здравјето.


5. Зошто не можам?

Седите и ги слушате пријателите како уживаат во своите искуства, како играат со своите деца, како успешно се вработиле и се прашувате „Зошто не можам ова да го имам?”. Можеби сте поминале многу ноќи размислувајќи за одговорот на тоа прашање. Вистината е дека можеби никогаш нема да добиете одговор на тоа прашање каков што посакувате, а до тогаш не се оптоварувајте, бидејќи за сѐ има време и место. 

Би можело да ве интересира:

Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg