Бидете храбри: 10 Работи од кои ниту една жена не треба да се плаши

Самотијата, почеток од нула, избор помеѓу кариерата и семејството, се само мал дел од работите на кои жената секогаш треба да биде подготвена да се спротивстави...

bidete-hrabri-10-raboti-od-koi-nitu-edna-zena-ne-treba-da-se-plasi-01.jpg

Можеби теоретски кажано овие работи не звучат застрашувачки, но реалноста е многу поинаква и на жените навистина им претставуваат проблем.

Време е да престанете да мислите на стравовите и да бидете храбри, особено во врска со овие 10 работи:

1. Вашата сексуалност

Никогаш не треба да чувствувате вина заради начинот на кој ја изразувате својата сексуалност. Ваше тело, ваш избор.


2. Дали сакате деца?

Не секоја жена сака да има деца. Ако сте и вие меѓу тие кои не сакаат, не сте единствена. Можеби со тек на времето ќе се предомислите, но можеби и нема. Во секој случај одлуката е ваша и животот треба да го живеете онака како што вие сакате, а не како што сакаат вашите роднини и пријатели.


3. Промени на телото

Како што старееме нашето тело се менува и тоа е сосема нормално. Затоа во ред е да не се борите против неизбежните физички промени, бидејќи нема ништо да постигнете. Најважно од сѐ е да биде здрави и среќни.


4. Почеток од нула

Понекогаш мора да се откажете од своите соништа и да почнете одново. На сите им се случува да се вратат онаму од каде што тргнале. Важно е да се движите.


5. Прекинување на контакти со негативни односи

Никогаш не е лесно да се прекинат односите со луѓето, особено ако ве прават среќна. Но, луѓето кои не се добри за вас не треба воопшто да постојат во вашиот именик. Животот и така е тежок, па згора над сите проблеми, најмалку ви се потребни негативни луѓе.

bidete-hrabri-10-raboti-od-koi-nitu-edna-zena-ne-treba-da-se-plasi-2.jpg

6. Изразување на став

На сите ни е јасно дека во минатото на жените им било забрането да го изразуваат својот став, но за жал ова се случува и денес. Постојат луѓе кои ќе ве одбијат заради силниот став кој го имате по некое прашање, но тоа не значи дека треба да го промените ставот. Променете ги луѓето во вашето опкружување и не молчете.


7. Осаменост

Многу жени се плашат да останат сами и сметаат дека им е потребен маж или близок круг на пријатели. Но, самотијата никако не треба да ве плаши. Времето кои го поминувате сами со себе е незаменливо. Сакајте се, сонувајте и остварувајте ги соништата.


8. Избор помеѓу семејство и кариера

Постојат жени кои успеваат да прават баланс помеѓу семејството и кариерата. Успеваат да завршат сѐ на работа, да бидат добри мајки, домаќинки и одлични сопруги. Кога се сака, се може сѐ и тука не треба да постојат изговори.


9. За вашиот изглед одлучете сами

Понекогаш жените се оптеретуваат со својот изглед, мислејќи како тој ќе влијае на однесувањето на другите луѓе кон нив. Сами одлучувајте како ќе се дотерате, а ако сакате да ставите кармин слободно нанесете го. Одлуката е ваша. Бидете свои.


10. Вработување на позиција во која доминираат мажи

Денес сѐ повеќе жени започнуваат да работат на позиции кои порано биле типични само за мажите. Жените се исто толку способни колку и мажите, токму и затоа тие заслужуваат почит. Не треба да се плашите, бидејќи не вредите ништо помалку од другите.

Дами, нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg