Лекции кои ги научивме од сопствените грешки: Несовршеноста нè прави совршени

Сите секојдневно правиме грешки, помали или поголеми. Не постојат безгрешни луѓе и тоа не е нешто трагично. Важно е само да знаеме да извлечеме заклучок или поука од резултатите.

lekcii-koi-gi-naucivme-od-sopstvenite-greski-nesovrsenosta-ne-pravi-sovrseni-01.jpg

Доколку успееме да научиме нешто од грешките, тоа значи дека било дури и добро што сме ги направиле. Некои лекции знаат да бидат позначајни и од некои совети.

Ова се 7 важни лекции кои треба да ги сфатите после некои грешки:

1. Научете што сакате и како ќе живеете

По секоја направена грешка сфаќате што не сакате и што не треба да правите во иднина. Со тоа, сè подобро се запознавате себеси и откривате што сакате, што можете, а што не. Тогаш кога ќе се соочите со некој проблем или грешка, сфаќате колку сте силни.


2. Прифатете се сами себе

Мора прво да знаете дека сите, без исклучок, грешат на некој начин. Потоа, треба да се прифатите сами себе без разлика што сте згрешиле. Не треба да се чувствувате лошо или да престанете да се цените. Напротив, треба да се чувствувате посилно и да се прифатите, затоа што сте направиле чекор од кој сте извлекле поука.


3. Соочете се своите стравови

Понекогаш може да се потрудите и сè да направите како што треба, но повторно да не успеете. Тоа што имате некој проблем за кој мислите дека е нерешлив е најголемата грешка. Поголема од таа е да се повлечете од страв да не згрешите. Резултатот не можете да го претпоставите додека не се обидете.


4. Ќе научите што смеете и што не смеете

Штом ги почувствувате последиците од некои грешки, дознавате до каде ви се границите. Моментот на соочување со последиците и прифаќањето на истите е најважното нешто. Преиспитувањето е неизбежно, но наместо грижата на совест, добро е само да дознаете што смеете, а што не смеете во иднина.

lekcii-koi-gi-naucivme-od-sopstvenite-greski-nesovrsenosta-ne-pravi-sovrseni-02.jpg

5. Грешките ве учат на одговорност

Преземањето одговорност по некоја грешка или неуспех воопшто не е лесно. Но, тоа е она што ви преостанува и кое мора да го направите. Одговорноста ве прави позрели и посвесни личности. Не смеете да бегате од она кое сте го згрешиле и она што следува. Само одговорноста ќе ве спречи да ја повторите грешката.


6. Ќе научите да го контролирате својот живот

Грешките ќе ви бидат како потсетник во животот секојпат пред да одлучите нешто, или да преземете нешто. Тие ве тераат да размислите подобро пред да направите нешто, да ги контролирате реакциите и да ја преземете одговорноста за последиците.


7. Ќе ги инспирирате и другите околу себе

Од вашите грешки не само што ќе извлечете вие поука, туку и оние кои се околу вас може да научат нешто, или да не го повторат истото. Не ги сокривајте грешките, туку споделете ги со блиските. Од нив може да добиете совет, а тие да извлечат поука и за себе. Добро е ако знаете и вие да научите нешто од туѓите грешки.

Би можело да ве интересира:

6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg