Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога “случајно“ ќе се запиете...

koga-slucajno-ke-zaspiete-povekjeСе сретнавте со пријателите, седнавте на една пијачка после работа, останавте без да забележите до 20:00 часот, па решивте да навратите и до кафуле...

 

...“на кратко“ и на крај го затворивте во 01:00.koga-slucajno-ke-zaspiete-1

Не сте се виделе одамна, па нормално дека се размуабетивте со пријателите за стари случки, дечковци, девојки и ја задоволивте својата потреба за оговарење.

Стигнавте дома одвај (со доволно количество алкохол во себе!) и што е следно? Алармот во 07:30 кој ве буди за да станете за на работа! Сигурно ви се лоши од самата помисла - што ве чека.

А, да се биде мамурен во канцеларија е ужасно чувство. Сигурно веќе сте испиле неколку чаши јогурт, лимони, минерална вода, кафетини и што уште не. Џабе! На работа сте, а сеуште сте пијани.

Еве неколку совети како да се потрудите да останете “собрани“ и да се отрезните за да можете да функционирате.koga-slucajno-ke-zaspiete-2

1. Ослободете се од црвенилото во очите!
Како што велат - очите се прозорец на црниот дроб. Овие два органи изгледаат ужасно во мамурно утро. Набавете капки за очи и во текот на денот неколку пати капнете по 2-3 капки. Или евентуално ако не ви помогне - изговорот дека имате алергија секогаш пали.

2. Прашајте го најблискиот колега дали сеуште мирисате на водка, коњак или што и да сте пиеле.
Голема е веројатноста да ви потврди, затоа што до пред 4 часа сеуште сте држеле чашка во рака. Мастиката е бескорисна во овој случај. Изедете неколку зрна кафе и јадете кикиритки за доручек. Немојте да претерувате со парфемот.

3. Избегнувајте ги важните луѓе.
Избегнувајте средба со некој кој може да ви даде отказ. Подалеку од кујната и собата за пауза. И внимавајте што зборувате. Може лесно да ви се испушти нешто што не треба.

4. Лажете!
Можеби мислите дека е кул сите да знаат како сте лумпувале цела ноќ и сепак сте стигнале на работа - но, не би ви советувале да ширите за вашите ноќни авантури низ фирмата. Ако некој ве праша “Напорна ноќ колега/шке, а?“, слободно кажете дека сте работеле или сте имале стомачни проблеми. Понекогаш е навистина попаметно да излажете.

Би можело да ве интересира:

15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
15 луѓе кои очекуваа да се разочараат, а добија „џек-пот“ Ако имате мали очекувања, веројатноста дека ќе се изненадите на добро е навистин...
Павлова торта, Цезар салата - Како изгледале луѓето по кои се наречени популарните јадења? Иако пицата не била храна за аристократи, во 1889 година, италијанската кралица ...
Фото-докази дека океаните и мориња се најморничавите места на Земјата Риби кои изгледаат како вонземјани, огромни бранови, остатоци од бродови – малку...
5 работи што не треба да ги подарувате на домаќините за Св. Никола (и со што да ги замените) Со пари може да ги навредите домаќините, кои ќе помислат дека сакате да си ја пл...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg