Жените можеби не знаат што сакаат, но знаат што НЕ сакаат!
Вистина е дека жените понекогаш не знаат што сакаат и се пребирливи кога се работи за нивниот живот, особено ако тој е поврзан со машкиот свет.
Без разлика дали ќе биде поврзано со љубов, пријателство или пак семејство, иако жените можеби не знаат што сакаат, овие неколку работи се едни од многуте кои НЕ ги сакаат.
- Жените не сакаат кога им наредувате.
- Жените не сакаат кога мажот е премногу нарцисоиден и самоуверен.
- Жените не сакаат да плачат, иако многумина женските солзи ги сметаат за нивно оружје кое намерно го користат.
- Жените не сакаат да бидат изневерувани, без разлика дали станува збор за врска или пријателство.
- Жените не сакаат кога им викате, а уште помалку кога сте насилни кон нив.
- Жените не сакаат кога ги потценувате.
- Жените не сакаат кога ги лажете, бидејќи верувајте тие знаат се пред да им кажете.
- Жените не сакаат кога партнерот излегува со пријателите пречесто.
- Жените не сакаат кога некој бавно враќа на нивните пораки или пак воопшто не враќа.
- Жените не сакаат кога ги споредувате со други жени.
- Жените не сакаат да имаат пријателки позгодни од нив.
- Жените не сакаат претерана романтичност и пречувствителен партнер.
- Жените не сакаат кога не им кажувате дека ги сакате.
- Жените не сакаат кога некој им прави дополнителен стрес при средувањето.
- Жените не сакаат да изгледаат премногу нападно, сакаат да бидат резервирани и секси.
- Жените не сакаат директно додворување, ниту пак индиректно, сакаат искрен разговор кој искажува заинтересираност.
- Жените не сакаат мажи кои се преокупирани со својата криера.
- Жените не сакаат кога мажот ги издржува.
- Жените не сакаат да ги користите како играчка, а потоа ги фрлате во купот на останатите играчки.
- Жените не сакаат апстиненција и не се срамат од нивната сексуална активност.
- Жените не сакаат секс во тројка, доколку третата личност не е маж.
Што не сакате вие?