20 неверојатни работи на кои не им обрнувате внимание
Фокусирани на секојдневието исполнето со обврски ретко им посветуваме време и внимание на оние работи кои животот ни ги подарил без да ни наплати со цел да ни покаже дека и тој не е толку лош како што сите го претставуваат.
Ова се дел од тие работи на кои не им обрнуваме внимание, а би требало секој ден да бидеме благодарни што ги имаме:
Се разбудувате дишејќи – секој ваш здив и отчукување на срцето е доволен за да бидете благодарни денес.
Имате слобода – иако постојат некои ограничувања кон кои треба да се ориентирате во текот на денот, вие ја имате потполната слобода да го искористите истиот на ваш начин, правејќи што ќе посакате.
Имате кревет за топол сон – некој едноставно го нема и не може да одмора на начин на којшто тоа го правите вие, спокојно и безгрижно со покрив над глава.
Катастрофите се далеку од вас- торнада, урагани и страшни бури се оние катастроифи кои на многу луѓе им го нарушуваат секојдневието, но не и вас.
Имате три оброци дневно – некој нема ни еден.
Покривот над главата не ви пропушта вода кога врне дожд па да ги почувствувате капките како удираат на подот или над вашата глава.
Вашата сродна душа е таму некаде и ве чека, здрава, убава и создадена само за вас, не заборавајте го тоа.
Имате туш со топла вода постојано, некои немаат можност да се истушираат и по 2-3 месеци во нивниот живот, а можеби и повеќе.
Имате работа која ви го обезбедува лебот секој ден - доколку ја немате вашите можности и желби за достигнување имаат отворена врата кон светот.
Слушате музика - без разлика дали на вашиот мобилен телефон, телевизор или радио, вие ја имате таа привилегија да бидете секогаш во контакт со музиката што верувајте е многу добра работа. Замислете кога би ја немале... Незамисливо е, нели?
Имате телефон кој ви овозможува контакт со светот иако тоа не е Ајфон или некој друг смартфон.
Поседувате моќ во одбирањето на личности – како што се вашите пријатели.
Здрави сте – некој моментално се бори за живот или веќе престанал да се бори.
Имате милениче – без разлика дали е куче, маче или папагал, постојат личности кои се алергични на животни.
Имате родители или брат и сестра кои ви гарантираат дека никогаш нема да бидете осамени во жовотот. Некој го нема ниту првото, ниту второто, ниту третото. Некој можеби е роден и како единец.
Имате дете – некој цел живот се труди да го добие, а некој никогаш нема да го има.
Добивате повици или пораки од луѓе на кои им значите, независно дали тоа е вашиот баба или дедо или пак далечен пријател. Некој постојано мисли на вас.
Имате шанса за образование која можеби не ја користите правилно, додека некој таму сè би дал да може да се запише на факултет.
Некој ве сака – бидете благодарни за таа љубов, без разлика од кого ја добивате. На личностите на кои помисливте кога го прочитавте ова време е да им возвратите со внимание и љубов, не бидете себични.
Живи сте – тоа е најважно и треба да бидете благодарни за секое утринско будење бидејќи секој ден е нова шанса за вас.
Се пронајдовте?