Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мобилно женско WC

Ева Тинтер многу пати се нашла во ситуација кога очајнички барала место каде би можела да се олесни. За да го избегне тој проблем, смислила...

 

... вреќичка која добро ќе и дојде на секоја жена во кризни ситуации.

Германска компанија рекламира мобилно WC за жени кое може да го собере во секоја женска чанта, а може да се користи во било кое време.mobilno-zensko-wc1

Свесни за тешкотиите со кои се соочуват жените кога треба да се олеснат, произведувачите на т.н. Ladybag веруваат дека нивниот производ ќе стане вистински хит.

Нивното мобилно WC за жени е за еднократна употреба, а се состои од пластична кеса исполнета со полимери кои ја впиваат течноста и ја претвораат во гел.

Kога е спакуван има големина на плочка чоколадо, а тоалетот на себе има широк отвор па може да се користи клечејќи, седејќи или стоејќи.

Гелот може нормално да впие нешто помалку од половина литар урина, а во итни случаи пластичната вреќичка може да задржи и околу литар.

"Може да се користи во автомобил додека патувате, на отворени фестивали кога не сакате да стоите во долгите редици за да стигнете до тоалет или кога сакате едноставно да бидете практични и хигиенски", вели изумителката Ева Тинтер.

Се препорачува еднократна употреба на Ladybag. Производот доаѓа со комплет од 3 парчиња, а чини околу 680 денари (11,3 евра).

Би можело да ве интересира:

5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
„Најубавата работа ми ја кажа маж на смртна постела и ме трогна“ „Мој пријател на смртна постела ми кажа: ‘Aко има начин како да те чувам од друг...
Си легнуваш гладен и уште 9 работи што ги разбираат само оние кои живееле во сиромаштија „Сиромаштијата значи постојано планирање за следниот оброк, за следната сметка, ...
Ретро-фотки: Технологија и уреди од минатото што денес ни изгледаат чудно и смешно Морничава гас-маска наменета за деца, возачки очила со бришачи… Како изгледале „...
Фото-докази дека познатите знаменитости изгледаат сосема поразлично од друга перспектива Сте виделе ли како изгледа внатрешноста на Кривата кула во Пиза? А, сте ја видел...
Себични работи што некои луѓе уште ги праваат кога летаат со авион Не ги соблекувајте чевлите и немојте да ги потпирате нозете на седиштето пред ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg