Шопинг навики на кои мора да заборавите
Ако честопати ви се случува да купувате работи, кои ви се неопходни или пак ако сметате дека поседувате скапа сезонска облека, која не можете да си ја дозволите тогаш станува збор за лоши шопинг навики.
Иако се случува ретко, но секој од нас може да стане жртва на стекнување навики кои можат да влијаат врз буџетот и чувството за стил.
Ако се препознаете во овие навики, тогаш време е да ги елиминирате:
Жртвувате работи од реалниот свет заради модата
Колку и да ја обожавате модата, да бидеме реални: еден пар чевли од позната марка не се поважни од сметките за мобилен, киријата или храната. Ако навистина ги сакате тие чизми, тогаш секој месец штедете по малку и ќе можете да си ги дозволите без грижа на совест.
Константно купувате работи кои не одговараат на вашиот животен стил
Нема ништо лошо во тоа некогаш да се почестите и со некоја непрактична работа, но доколку константно купувате такви работи кои не се вклопуваат во вашиот животен стил, тогаш имате проблем.
Ако не носите штикли на работа, тогаш не мора да инвестирате во скапи чевли само затоа што ви се допаднале на прв поглед. Купувајте работи кои можете да ги носите и на работа, но и надвор од работното место.
Не размислувате пред да купите
Најчестата грешка која сите ја прават е тоа што не размислуваат и веднаш купуваат одредено парче, за кое подоцна сфаќаат дека воопшто и не им е потребно. Секој миг кога ќе посакате да купите нешто, а не ви е неопходно, вратете го парчето облека на полица и преспијте.
Доколку следното утро сѐ уште мислите на таа работа, тогаш купете ја. Ќе се изненадите колку често ќе заборавате на некои работи, за кои сте мислеле дека ви се потребни.
Третирајте го шопингот како голема инвестиција
Кога некој купува нов автомобил или стан, тогаш таа личност не купува уште стотина помали станови или половни автомобили следниот месец, зарем не? Истото важи и за гардеробата.
Доколку купите скапа чанта, зошто купувате уште неколку евтини следниот месец? Со ваквиот шопинг, вие само ќе се каете заради купената скапа чанта која не ја користите, но и заради потрошените пари на поевтините чанти, кои не ви требаат.
Сезонска грозница
Постојат големи шанси дека откако ќе потрошите огромна сума пари на гардероба за една сезона, ќе започнете да чувствувате грижа на совест. Сте купиле многу престижни парчиња, кои ве чинеле доста скапо, но не заради фактот што тие навистина ви се допаднале.
Желбата да поседувате нешто што е во мода и желбата да изгледате убаво се различни работи. Не значи дека здолништето ќе изгледа убаво на вас, само ако е во мода оваа сезона. Не се впуштајте во сезонскиот шопинг, без претходно да имате јасен план од она што вистински ви треба.
Девојки, се пронајдовте?