Учител со својот „библиомобил“ шири љубов кон читањето кај децата во далечните села
Пензионираниот италијански учител Антонио Ла Кава својата љубов кон книгите и читањето продолжува да ја шири и по 42 години работа со деца.
Тој од стара веспа направил подвижна библиотека која содржи 1.200 книги и од 2003 година ги посетува далечните и запуштени италијански села.
Секоја недела поминува 500 километри низ сиромашната област Базилика на југот на Италија. Кога децата ќе го слушнат звукот на сирената која го најавува доаѓањето на библиомобилот, сите се собираат околу Антонио со радост, каква што обично ја имаат за камионите со сладолед.
Како што објаснува Ла Кава, искуството од образовниот систем го уверило дека постои и подобар начин за децата да научат да ги сакаат книгите.
„Незаинтересираноста за читање обично почнува во школите каде што децата навлегуваат во светот на книгите со недоволно љубов. Читањето треба да биде уживање, а не должност“. – вели тој.
Антонио својата мисија ја спроведува без никаква надомест или заработка, само со желба за да им овозможи на децата од запуштените села да го засакаат читањето.