Aнимирани свадбени фотографии кои секој ќе ги посака
Големиот ден на свадбата кога сите очи се вперени во вас. Тогаш секоја минута е исполнета со љубов која треба да се забележи и зачува како најубав спомен.
Фотографот Џефери Луис Бенет нашол интересен и креативен начин за да ги долови сите магични моменти.
Тој креира прекрасни анимирани свадбени фотографии полни со динамика и возбуда која совршено се забележува и го оживува моментот.
Оваа идеја му дошла уште во 2011 година кога фотографирал свадба на еден пар од Чикаго. Во еден момент тој и младоженецот разговарале како им се допаѓаат гифовите како анимации за различни ситуации, па се договориле од сите сериски фотографии да успеат да направат анимации во кои ќе се оживее посебниот момент.
Откако еднаш му успеало, подоцна тоа станало и негов препознатлив стил на свадбено фотографирање кое станало многу популарно.
Просечно му се потребни 30 до 90 минути за да направи еден гиф во кој ќе ги спои сите последователни фотографии.
Претходно работел како графички дизајнер, но ризикувал да ја напушти работата и целосно да се посвети на свадбената фотографија, поради што е среќен, бидејќи денес има многу клиенти кои ги обожаваат неговите креативни идеи.
Според него, гифовите го прават моментот бесконечен и со секое повторување се чини дека трае вечно, како што и секој пар би сакал љубовта да им трае вечно.
Погледнете некои од поинтересните моменти:
Уште 7 анимирани фотографии на следната страна...