7 животни прашања кои ќе ви ја разбудат љубопитноста
Често во секојдневието се судрувате со прашања во врска со животот и вашата улога во овој свет. Тоа се суштински прашања, кои колку и да изгледаат едноставно, лесно, понекогаш и неважно, сепак кријат големи тајни во себе.
Со одговарањето на овие прашања може да најдете решение за многу проблеми или да ги откриете причините за некои случувања. Но, во неможност да се сетиме на краток и едноставен одговор често знаеме да ги занемариме и одминеме.
По некое време кога повторно се среќаваме со тие исто едноставни прашања, сè уште не знаеме да ги одговориме. Оние пољубопитните и потемпераментните не ги држи место дури не го најдат одговорот.
Се читаат разни, мисли, одговори на големи мислители, сигурно се пронаоѓате во некоја од нив, но сепак, некаде длабоко во себе треба да ја откриете суштината.
Одвојте некое време, размислете добро и одговорете си ги овие 7 прашања:
1. Каде сакам да бидам?
-Замислете се себе најсреќни на некое место. Кое ќе биде тоа, со кого ќе бидете, што сакате да ви се случува во тој момент?
2. Што ќе се случи кога ќе умрам?
Некои не сака да помисли на тоа, други сметаат дека како треба да биде, така ќе биде и немаат проблем со тоа, а други може и многу да се променат кога ќе си одговорат. Можеби треба да ги подредите поинаку приоритетите, ако се плашите дека нешто нема да стигнете да завршите.
3. Како сакам да бидам запомнет/а?
- Бидете искрени кон себе и размислете што е она што вас ве прави среќни, само така ќе бидете запомнети во вистинско светло. Сè останато е непотребно, бидејќи безвредно е да ве помнат ако не сте биле среќни во вашиот живот.
4. Дали навистина сум среќен/а?
-Одговорете си искрено и пред себе. Мора да си признаете и нешто да промените доколку одговорот не е потврден.
5. Што е она што ми е важно?
-Најважно е да знаете кон што целите, што сакате да постигнете, кои ви се приоритетите и што ве води кон тоа, за да најдете сила да се изборите за она што го сакате.
6. Што ме прави да се чувствувам жив/а?
- Секој има некаква причина поради која се чувствува дека е важен за овој свет, дека има зошто да живее и да постои. Токму тоа е она што го води низ животот.
7. Што е љубовта?
-Едно од најсуштинските прашања на кои мора да го најдете одговорот кој ќе ви го разбуди најубавото чувство, во која и да е форма и поради кое животот ќе ви добие смисла.
Можеби дојдовте до некој голем заклучок или само го потврдивте тоа што и досега го знаевте.
Кои беа вашите одговори?