10 работи кои треба да ги чистите почесто

Иако мислите дека вашиот дом е чист и ви се чини дека целото време го поминувате со средствата за хигиена во раце, сепак постојат работи кои забораваме да ги исчистиме.

raboti-vo-domot-koi-treba-pocesto-da-se-cistat-otkolku-sto-mislime-1

Можеби досега дури не ви ни паднало на памет да ги чистите, но сепак треба да обрнете внимание на нив следниот пат кога ќе го средувате вашиот дом.

1. Машината за перење и сушење алишта

За да го продолжите векот на траење на вашата машина треба да ја чистите на секои 3 месеци. Бигорот и чудните мириси може лесно да се отстранат со само едно пуштање на машината во кое ќе додадете 200 милилитри оцет.

2. Машината за садови

Остатоците од храна морате редовно да ги отстранувате од машината за перење садови, а освен тоа не заборавајте да ја исчистите по страните. Заборавете на хемикалиите и искористете го оцетот. Доволен е еден циклус перење и сушење кога машината е празна и овој процес треба да се повторува еднаш месечно.

3. Вашата чанта

Сигурно во вашата чанта имате сѐ и сешто и она што ви е потребно, но и работи што не ви се потребни. Не заборавајте редовно да ја тресете чантата сѐ со цел да ја исчистите нејзината внатрешност. Кожните чанти чистете ги со влажни марамчиња или со производи за чистење на кожа.

raboti-vo-domot-koi-treba-pocesto-da-se-cistat-otkolku-sto-mislime-2

4. Работното биро

Особено бирото на вашето работно место, бидејќи тоа е масата на која јадете, масата на која работите и масата на која се собираат различни бактерии од канцелариските материјали. Тука ќе ви помогнат влажните марамчиња со кои ќе го избришете вашиот компјутер, а практикувајте и еднаш неделно на пример во петок, комплетно да го чистите бирото со специјални средства.

5. Четките за шминкање

Со оглед на тоа дека најчесто ги оставаме во несесер и заедно со другите козметички производи, четките за шминкање се извор на нечистотии. Доволно е да ги исперете со благ детски шампон или користете го вашиот производ за отстранување на шминката од лицето. Оставете ги да се исушат и ќе бидат како нови.

raboti-vo-domot-koi-treba-pocesto-da-se-cistat-otkolku-sto-mislime-3

6. Мобилниот телефон

Го користиме многу, а ретко го чистиме. Набавете си специјални влажни марамчиња со кои можете да го исчистите, а оние недостапни места исчеткајте ги со тенка четка. Извадете ја футролата и убаво исчистете ја.

7. Далечинскиот управувач

Уште една работа во домот која секојдневно ја употребуваме, но ретко ја чистиме. Далечинскиот управувач исчистете го со памук и 100 процентен алкохол или со влажни марамчиња за дезинфекција.

8. Тепихот

Чистењето со правосмукалка не е секогаш доволно кога станува збор за тепихот, ако земеме во обзир дека некогаш поминуваме со чевли, некогаш се случува да ни паѓа храна, а уште ако имате и домашен миленик тогаш дефинитивно треба да обрнете повеќе внимание. Најдобро е еднаш до два пати годишно да го носите во специјални перални или да повикате професионална екипа за чистење на домот.

9. Кваката на вратата

Сите знаеме колку е важно редовното миење на рацете, но што е со кваката со која сме во контакт цело време? Доволно е едно бришење со влажно марамче или средство за дезинфекција со цел да ги отстраните бактериите.

10. Завесата во бањата

Завесата во бањата совршено се чисти во машината за перење. Во зависност од упатствата за нејзино перење, можете да практикувате нејзино чистење еднаш месечно.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg