Австралија, Whitehaven Beach, Квинсленд
Најдобрите плажи на светот
-->
Во време кога сите размислуваме само на одмори и ништо друго, дозволете ни да ви ги претставиме најдобрите плажи на секој континент. Глетките се совршени!
Австралија, Whitehaven Beach, Квинсленд
Познатата австралиска Whitehaven плажа е лоцирана на островот Whitsunday во северен Квинсленд. Магичниот бел песок е всушност направен од многу ситни парченца корали по милиони години ронење и кршење од големиот син океан. Бидејќи островот е блиску до австралискиот брег, познат е по дневните екскурзии кои го прават “лесно” достапен.
Африка, плажите на Маурициус
Африканскиот остров Маурициус има толку многу убави плажи, што е невозможно да се одбере една. Околу островот има корален гребен кој овозможува фантастично нуркачко искуство.
Азија, Sanur Beach, Бали, Индонезија
Ако Бали по нешто е познат, тогаш тоа се плажите. Полна со популарни одмаралишта покрај брегот, Санур со право ја има репутацијата за една од најдобрите плажи во светот. Тоа што на Бали ќе го доживеете е тоа што од вистински рај може да се очекува.
Северна Америка, Bahias de Huatulco, Oaксакa, Мексико
Лоцирана во најголемиот еколошки резерват во Мексико е Bahias de Huatulco, која се растега на 35км брег, 10 заливи и 35 плажи. Бидејќи повеќето плажи се тешко достапни, ќе би биде удобно можеби со бродче да избегате до некоја од нив.
Јужна Америка, Praia do Rosa, Бразил
Во земја на преубави плажи Praia do Rosa е една од најубавите бразилски плажи. Сместена во залив во облик на полумесечина, оваа плажа има ама баш се: песок и дини, сурфање, убави луѓе, преубави бунгалови, па дури и китови од јули до ноември.
Европа, Navagio Beach, Грција
Најверојатно попозната кај нас како “Shipwreck”, оваа плажа е најдобар симбол за убавината на грчките плажи. Насуканите остатоци од брод се смета дека се остатоци од шверцерскиот брод Панагиотис, кој локално шверцувал најразлична стока. Богами, баш знаел каде да се насука.
Антартик, Deception Island Beach
Јасно е дека Антартикoт не е баш континент познат по плажи, но верувајте дека ќе се изненадите. Највпечатлив е Deception Island кој е всушност активен вулкан до пола потопен во вода. Можеби е тешко да се поверува, но благодарение на вулканот е доволно топло да се бањате на ова место. А дурите можете и да пливате заедно со делфините!
-->
Би можело да ве интересира:
Маки што им се познати на сите кои живееле во стан (и имале лоши соседи)
Соседи кои оставаат ѓубре пред врата, влага во бањата од станот над вас – живеењ...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото
Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...
Иронијата во нашето секојдневие, низ илустрации што ќе ве натераат да размислувате
Даваме пари за креветче за мачка, за на крај таа да си легне на сосема друго мес...
Најлудите работи што можете да ги сретнете во супермаркет во Кина
Месо од крокодил, но и бесплатен автобуски превоз до вашиот дом – што можете да ...
Морничавата приказна за вистинскиот Ханибал Лектор: Затворен е во подземна стаклена ќелија, изолиран...
Британецот Роберт Модсли е затворен во самица над 40 години, по неколкуте свиреп...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат
Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...