Гледајте Светско првенство на стадион во удобен двосед (фото)
Додека некои се собираат во кафулињата, по дома, во парк или купиле карти за да отидат до Бразил, Германците смислиле нешто многу пооригинално.
На вистинските фанови им овозможуваат несекојдневно доживување и уникатно удобно следење на натпреварите.
Вчерашниот прв натпревар од Светското фудбалско првенство меѓу Бразил и Хрватска тие го следеле на стадионот Alte Fӧrsterei во Берлин.
Им било кажано да си ги донесат своите двоседи, троседи или фотелји од дома и да ги постават на теренот, каде удобно ќе се сместат, а натпреварите ќе ги следат на џиновски видео бим.
На тој начин тие го имаат најдобриот поглед и најголемото уживање и меѓусебно дружење.
Ќе посакате да се најдете меѓу нив: