Правила за жени: За време на Светското првенство добро е да се знае...
Светското првенство започна, мажите се во фудбалска еуфорија, а на поголем дел од жените многу работи не им се јасни.
Како на пример, што е офсајд, зошто не смее да зборува додека има натпревар, зошто не смее да поминува пред телевизорот...
Жени, за да го усреќите вашиот маж, најдобро е да ги почитувате овие неколку правила. А вие мажи, ако немате намера повторно да објаснувате, препорачајте и сама да ги прочита.
Правило број 10
Ако го слушнеш своето име биди подготвена да донесеш уште пиво, да исечкаш мезе или да донесеш батерии за далечинското.
Правило број 9
Судијата е секогаш крив и будала. Поддржи го во тоа!
Правило број 8
Никогаш не прашувај што е офсајд. Ќе добиеш одговор кој нема да ти се допадне.
Правило број 7
Секако дека можеш да го гледаш натпреварот. Но, ќе мора да молчиш!
Правило број 6
Не го терај да се гледа со пријателите и роднините за време на првенството, освен ако не се работи за заедничко следење на натпреварот со пиво и пица.
Правило број 5
Бавните снимки се многу важни. Нема врска што веќе знае што се случило. Ако треба, ќе ја гледа репризата од почеток до крај.
Правило број 4
Сексот е забранет за време на натпреварот.
Правило број 3
Сигурно ќе се обложува, па ако е нервозен кога губи, не ни помислувај да кажеш: „Тоа е само натпревар“ или „Ќе победат следниот пат.“
Правило број 2
Додека траат натпреварите, телевизорот е негов! Сериите и реалните шоуа се гледаат кај пријателките кои живеат сами!
Правило број 1
Ако кажеш дека Кристијано Роналдо е згоден - леташ надвор!