Не може да си најде момче затоа што е опседната со Hello Kitty играчки

Наташа Голдсворт има 29 години, но кога ќе ја видите нејзината соба ќе помислите дека има 5 или 10 години. Таа е буквално опседната со сè што е во знакот на Hello Kitty. Има над 10.000 играчки, предмети, додатоци, облека и што ли уште не, секако со розевото маче како главен знак.

ne-moze-da-si-najde-momce-zatoa-sto-e-opsednata-so-hello-kitty-igracki-01

Целиот стан каде што живее е исполнет со овие предмети. Дури и завесите, кујнскиот прибор, чиниите, тенџерињата, ѕидовите, облеката што ја носи, на сè има Hello Kitty.

Кадифените играчки со неговиот лик ги има околу 4.000, но нивниот број не е конечен. Досега потрошила над 50.000 фунти за ваквите производи кои ги нарачува од Јапонија и од Америка.

Нејзината опсесија почнала во 2000 година кога едно девојче од Јапонија со кое одела во училиште ѝ подарила тетратка со ликот на Hello Kitty и таа се вљубила на прв поглед.

Оттогаш таа љубов ѝ трае веќе 15 години, а оди дотаму што веќе сака да се пресели во поголем стан, не затоа што таа нема каде да живее, туку затоа што нема доволно простор за новите играчки.

Дури не може да си најде ниту момче, затоа што никој не може да прифати да живее со толку многу розеви играчки со истиот знак, а згора на тоа и целата облека на Наташа е со истото маче и прави да изгледа буквално како 10 годишно девојче, а има 29 години.

Но, покрај сето тоа, сите совети и убедувања, таа нема намера ниту да се промени ниту да се откаже од своето розево царство за ниедно момче.

Порано била и дресер на коњи, но решила дека сака да се откаже и да се посвети на нејзиниот блог www.hellokitty4u.com.

Нејзината крајна амбиција е да се поврзе со дизајнерите на овие играчки и предмети и да собира добротворни средства со кои ќе помага и ќе учествува во организацијата на јубилеите поврзани со Hello Kitty.

Вака изгледа нејзиното Hello Kitty царство:

Ви се чини лудо или импресивно?

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg