Како да се разладите во жешките, летни денови кои следат?
Некои луѓе одлично се справуваат со високите температури во летните денови кои следат, но ако вие спаѓате во онаа другата група, време е да го промените начинот на живот барем во следните 2 месеци.
Кога нема да имате клима во близина, а морате да функционирате како секој останат ден, овие неколку совети ќе ви помогнат полесно да ги преживеете пеколно топлите денови и ноќи.
1. Заборавете на енергетските пијалаци кои само ја зголемуваат температурата на телото.
2. Не се исцрпувајте. Бидете умерени во физичките активности.
3. Избегнувајте го пешачењето со тешки кеси од маркетот. Подобро вратете се 2 пати.
4. Носете памучна облека. Избегнувајте синтетика и тексас.
5. Не пијте пијалаци кои содржат шеќер.
6. Во чантата имајте шише вода. Отпивајте по неколку голтки додека пешачите, дури и да не ви се пие.
7. Забавете го темпото. Одморете во паркот под дрво и ловете ја секоја сенка на тротоарот.
8. Носете само удобни чевли од природни материјали.
9. Алкохолот, солта и кофеинот консумирајте ги умерено, ако веќе не можете да ги избегнувате.
10. Во просек, една возрасна личност губи 30% од топлината преку главата. Затоа, врзете ја косата во опавче или разладете ја со студена вода.
11. Внесете ја сушалната за облека во ходникот или спалната. Мократа облека дополнително ќе го освежи воздухот.
12. Купете шише со распрскувач и освежувајте го воздухот на 1 час.
13. Мијте ги рацете и нозете почесто.
14. Јадете повеќе свеж зеленчук и овошје. Гответе поретко.
15. Бирајте јадења кои се подготвуваат во микробранова печка.
16. Избегнувајте црна и темна облека.
17. Тешките задачи завршувајте ги рано наутро или по заоѓањето на сонцето.
18. Плакнете ја косата почесто.
19. Наместо шешир, заврзете свилена марама на главата. Одлична модерна заштита!
20. Секогаш отворајте ги вратите и прозорците на северната страна.
21. Дури и ако прозорците ви се отворени, добро би било ролетните да ги чувате затворени, барем во најтоплиот дел од денот.
22. Избегнувајте го стресот кој буквално ви го крева притисокот.
23. Избегнувајте ги пријателите и луѓето кои ви го предизвикуваат истиот.
24. Навечер покривајте се со памучен чаршав, спијте во памучни пижами, носете памучна долна облека...
25. Опуштете се. Седнете на ладовинка, фантазирајте, развивајте нови идеи и планови за есента која следи.