Тенка е линијата помеѓу ароганција и самодоверба

Секогаш мора да ја знаете разликата помеѓу ароганцијата и самодовербата, бидејќи никој не сака да биде во контакт со арогантна личност.

tenka-e-linijata-pomegju-arogancija-i-samodoverba-1

Ароганцијата и самодовербата се знаци на силни и цврсти лични цели, но и верба во сопствените можности и капацитети.

Арогантните луѓе често се гледаат себеси како супериорни личности, затоа внимавајте на која страна од линијата сте вие:

Супериорност

Главната карактеристика на арогантните личности е токму супериорноста и тие речиси никогаш не примаат совети и мислења од други луѓе. На овие луѓе им е полесно кон другите да бидат арогантни, отколку повторно да бидат понижени како што тоа им се случило во некое минато искуство.

Став

Арогантните и самоуверените личности различно ги третираат луѓето. Арогантните секогаш мислат дека се подобри од другите и дека се чекор пред сите. Разликата со самоуверените лежи во тоа што овие луѓе никогаш нема да им упатуваат на грешките на луѓето или да покажуваат колку се подобри, тие само си одат по својот пат. Додека луѓето со самодоверба сакаат да чујат што имате да кажете, арогантните не се ни согласуваат да започнат со слушањето на вашата приказна.

Самоперцепција

Луѓето со самодоверба секогаш се чувствуваат комфорно во своја кожа и тешко дека ќе можете со што било да ги разочарате, налутите или уште помалку растажите. За разлика од арогантните кои не сакаат да ги признаат своите грешки и тие се повеќе како темпирана бомба.

tenka-e-linijata-pomegju-arogancija-i-samodoverba-2

Односи со општеството

Самоуверените умеат добро да прифаќаат критики и да ги признаваат своите грешки од минатото и затоа одлично комуницираат со општеството. Арогантните луѓе не умеат да комуницираат и единствена важна личност во нивниот живот се токму тие самите.

Контакт со очи

При секој разговор контактот со очи важи како симбол со кој потврдуваме дека внимателно го слушаме и разбираме соговорникот. Затоа лесно ќе препознаете арогантен човек, бидејќи таа личност никогаш нема да ве погледне во очи кога зборувате со неа. За разлика од луѓето со самодоверба кои нема да го помрднат погледот од вашите очи.

Потекло на особините

Она што е различно кај овие две човечки карактеристики е нивното потекло. Ароганцијата се јавува како резултат на некои лоши искуства и е еден вид на одбранбен механизам со кои овие луѓе ги истуркуваат останатите од својот живот. Кога станува збор за самодовербата, таа се раѓа како резултат на животна позитивна енергија и оптимистички размислувања кога станува збор за иднината.

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg