100 бакнежи од целиот свет (фото)
Фотографот Игнасио еден ден одлучил да ја напушти работата и да тргне во потрага по авантура. Заминал во Њујорк и шетајќи по улиците дошол до една интересна идеја.
Решил да фотографира луѓе кои се бакнуваат. Првично замислил дека треба да направи 100 фотографии со бакнежи низ улиците на Њујорк кои ги ставил на Фејсбук како фан страница 100 world kisses.
Но, не завршило сè тука. Откако се проширила идејата и многумина го поддржале, решил да почне да патува низ светот и во секој град да прави по 100 фотографии со бакнежи.
Ги одбрал токму бакнежите бидејќи смета дека тие пренесуваат љубов и мир. Тие го инспирираат и му даваат чувство како никогаш претходно. Токму затоа, тој сака овој проект никогаш да не запре и постојано да додава нови фотографии.
Досега има направено над 1000 фотографии во различни градови, меѓу кои: Токио, Њујорк, Париз, Лондон, Венеција, Берлин, Барселона, Хирошима, Мексико, Фиренца, Буенос Аирес и Лима.
Крајната цел му е да испрати порака за љубов и мир насекаде низ светот.
Погледнете дел од неговата колекција: