Што се случува кога жена тепа маж во јавност? (видео)
Семејното насилство е една од најнепријатните појави. Без разлика дали насилството е врз мажи или жени еднакво е опасно.
Вообичаено е познато дека жените се жртви на мажите и постојано се малтретирани и повредувани, но сè почеста е и појавата на мажи кои страдаат од семејно насилство.
Околу 40% од семејното насилство во Велика Британија е врз мажите. Но, за да се обрне внимание на тоа какви се разликите кога жртва е жената, а каква е кога жртвата е мажот, во Британија снимиле видео.
Во првиот дел од видеото кога мажот ја напаѓа жената, сите кои го забележуваат тоа веднаш тргнуваат во нејзина одбрана и се закануваат со полиција.
Но, кога се менува ситуацијата и мажот станува жртва на насилството на жената, таа му вика и го удира, тогаш никој не реагира. Не само што не му приоѓаат за одбрана, туку и се смеат на целата ситуација.
За жал, насилството врз мажите е еднаква појава како и семејното насилство врз жените, поради што треба да се подигне свеста и да се застане во нивна одбрана.
Погледнете го видеото и споредете ги ситуациите: