Како ви звучи пикник и скара на вода?

Си седите на клупа со пријателите во паркот, опуштено си разговарате и само помислувате: Ех, што добро би ни дошла една скара сега! А, замислете уште и покрај некое езеро, море? Не, уште подобро би било наместо на трева скарата да може да ја правиме на вода?

kako-vi-zvuci-piknik-i-skara-na-voda-01

Токму така му дошла и идејата на Себастијан Шмит (37) кој бил дизајнер и студент на архитектура, па решил да дизајнира нешто што ќе му го овозможи идеална забава.

Го креирал кружниот чамец BBQ-Donut, кој може да плови на вода, со резервоар од  12 литри издржува и до 6 часа пловење, а со оглед на пространоста, во него може да собере и до 10 лица.

На средина од ваквиот чамец се наоѓа место за скара, кое потоа може да се претвори и во длабок сад со мраз каде ќе ви се лади пијалакот. Го има во 2 големини, со можност за чадор и лед светилки.

Сето тоа ќе ве чини околу 22.000 долари, што е многу повеќе од вообичаената скара која би ја направиле на некоја ливада за време на викенд, но и задоволството и уживањето е многу поголемо  и незаменливо.

kako-vi-zvuci-piknik-i-skara-na-voda-1
kako-vi-zvuci-piknik-i-skara-na-voda-2
kako-vi-zvuci-piknik-i-skara-na-voda-3

Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg