Зошто старите книги имаат чуден мирис?
Сигурно обожавате кога ќе позајмите книга од библиотека, а таа има некој интересен и чуден мирис. Дали некогаш сте се запрашале зошто старите книги добиваат таков невообичаен мирис?
Тие мирисаат така бидејќи книгите се направани од огрански материјали како што е хартијата, мастило, лепак и фибер.
Сите овие материјали од кои е направена книгата реагираат на светлина, топлина и дури имаат реакција меѓусебно кога се поставени една до друга на полиците.
Освен тоа, книгите ги апсорбираат мирисите од околината. Затоа можеби некогаш книгата ќе мириса на кафе, некогаш на цигари и слично.
Научните кои го испитувале овој мирис велат дека старите книги мирисаат на мешавина од ванила и трева.
Сега откако знаете на што мирисаат, дали и вие сте дел од луѓето кои го обжаваат мирисот на стари книги?