Што сè кријат девојките едни од други?
И покрај безбројните предности кои девојките ги уживаат во своите дружења, постојат и работи кои тие никогаш нема да си ги кажат меѓусебно. Сакате да дознаете кои се тие? Продолжете да читате и откријте ја мрачната страна на женското пријателство.
Бројот на сексуални партнери
Ништо ново, нели? Истото го прават и момците, но наместо да го намалуваат, го зголемуваат бројот на сексуални партнерки, за разлика од девојките кои се срамат од бројката.
Цената на новиот фустан
Можеби фустанот или високите потпетици чинеле сума од три цифри, но девојките пред своите пријателки никогаш нема да ја откријат нивната вистинска цена. Една нула плус е секогаш задолжителна.
Скриена симпатија кон дечкото на другарката
Секоја девојка барем еднаш се нашла во љубовен триаголник со дечкото на својата пријателка, но пријателката никогаш нема да дознае за вашите симпатии кон нејзиното момче, нели девојки?
Должината на "машкоста" на дечкото
Иако зборуваат за сексот со својот дечко, девојките од срам никогаш нема да ја откријат должината на "машкоста" на дечкото пред нивната најдобра пријателка.
Вистинското мислење една за друга
Пред да станат најдобри пријателки, често слушале озборувања една за друга за кои никогаш нема да имаат храброст да дискутираат. И покрај тоа што веќе се знаат повеќе од доволно, секогаш ќе постои тој сомнеж дали гласините се вистинити или не.
Љубомора
Можеби едната има поубава коса, тело или лице, а другата има подобар карактер и свое јас. Наместо да се надополнат и усовршат една со друга како што најдобро умеат, девојките секогаш ќе останат љубоморни едни на други иако се пријателки.
Се согласувате?