Имате навика да доцните? Ги нервирате сите кои ве чекаат?

Биди на време! Толку лесна реченица, а најверојатно една од најтешките за применување уште од кога бевте дете.

zosto-docnenjeto-e-najlosata-navika-koja-ja-imate-01

Тогаш успеавте да ја игнорирате затоа што касневте на детски собири, а не состаноци. Денес, кога до вас имате успешни пријатели и соработници, должни сте да го почитувате редот и времето.

Се прашувате зошто токму доцнењето е најлошата навика која уште денес треба да ја промените?

Времето е скапоцено. Научете дека пијачката која ќе ја платите во знак на извинување нема да ги врати потрошените 20 минути.

Делувате незаинтересирано. Ако сте договориле состанок на кој се појавувате 30 минути подоцна, големи се шансите дека оној кој ве чекал - ќе замине. И тогаш, кому ќе објасните?

Другите ве карактеризираат како „себични.“ А, лошиот збор брзо се шири.

По извесен период, пријателите ќе се изретчат. Не затоа што сте лошо друштво, туку затоа што не се знае дали воопшто ќе бидете нечие друштво. Никој не сака да биде извисен во последен момент.

Постојано ќе имате недостаток на време. Не, не добивате време кога доцните, само дополнително го губите. Ќе мора да ги скратите важните работи, за сметка на невнимателноста и лошата ориентација.

Но, ако има желба, постои и начин.

Добрата организација на обврските запишани на хартија и квалитетниот часовник секогаш може да ви помогнат.

Подновете се со еден кожен тефтер и рачен часовник од B-Watch за никогаш повеќе да не ја направите истата грешка!

Би можело да ве интересира:

7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg