Знаете ли како изгледал и за што се користел првиот вибратор?
Првите вибратори не биле направени за уживање, туку за лечење на едно психичко порметување. Всушност кај немажените жени честа појава била болеста позната како хистерија.
Првиот вибраторот работел на јаглен од 1869 година и служел за терапија при смирување на жените со напад на хистерија. Пред да биде конструиран првиот вибратор хистеричните жени оделе кај терапевт кој со рака им ја масирал вагината додека не доживеат состојба на пароксизам или она што денес се нарекува оргазам. После таквата терапија жените некое време биле мирни.
Со оглед на тоа што терапевтите имале многу работа со голем број жени кои имале напад на хистерија, раката често им се заморувала, па почнале да конструираат машина која ќе им ја завршува таа работа. Така настанал првиот вибратор.
Хистеријата како женска психичка болест е избришана од психијатриските книги дури кон средината на педесеттите години.