Мислевте дека сите солзи се исти? Не сте свесни колку грешите!
Љубопитната и талентирана фотографката Rose-Lynn Fisher еден ден се запрашала дали солзите од среќа и солзите од болка се разликуваат? Не ни претпоставувала дека така ќе започне нејзиното извонредно фото-откритие.
Под микроскоп таа проучила над 100 вида различни солзи, за на крајот да открие дека основниот вид на солзи кои ја одржуваат влажноста на очите се далеку поразлични од солзите кои се појавуваат додека сечкате кромид.
Водата, протеините, минералите, хормоните и ензимите во секоја капка солза се различно распоредени, зависно од чувствата кои ги предизвикале.
По ова конечно ќе разберете дека секоја минијатурна човечка солза е различна слика на помешаните емоции.