Зошто девојките сакаат „лоши“ момци?
Момците во текот на животот сфаќаат дека повеќе би привлекле девојка со лошо однесување, отколку со фин начин на додворување или бакнување на раката.
Девојките иако се свесни дека лошите момци ќе ги повредат, сепак сè повеќе се возбудуваат од нивното однесување на недостапен плејбој.
Можеби сите девојки констатираат дека сакаат мирно момче кое нема да гледа други девојки, но вистината е спротивна, тие ги обожаваат лошите момците кои се посакувани од многу девојки, а еве и зошто.
Секој девојка ќе го посакува, но таа ќе го има само за себе - иако тој ги погледнува сите убави девојки околу него кои се обидуваат да го импресионираат, таа ќе биде единствената која го има за себе. Конкуренцијата која девојката ќе ја почувствува како закана за нејзината врска со лошо момче ја прави сè повеќе да се бори за него.
Џентлмените понекогаш се здодевни – можеби бакнување на раката и отворање на вратата од автомобилот или ресторанот е убаво, но со време станува здодевно. Понекогаш е интересно кога момчето до вас не е папучар.
Топло – ладно стратегијата на лошите момци ги возбудува – сè уште не се знае причината за ова, но топло – ладно стратегијата ги дразни, но и ги возбудува истовремено.
Лошите момци ги сметаат за пострасни во кревет – иако ова не е секогаш така, судејќи по изгледот девојките ги сметаат лошите момци за страсни љубовници.
Ги привлекуваат тетоважи и мотори – која девојка не посакува момче на мотор, во кожна јакна и тетоважи на мускулите? Не постои таква девојка. Тоа им оди во прилог на лошите момци.
Сакаат авантури – џентлменот секогаш ќе се труди воодушеви девојката со резервација во најдобриот ресторан во Париз, но, таа секогаш ќе биде повеќе воодушевена од лошото момче кое ќе ја одведе на скокање со падобран или брзо возење со неговиот мотор.
Девојки, кој е вашиот став за „лошите“ момчиња?