После земјотрес – езеро

kina_ezero_small.jpgКина планира големото езеро кое се создаде по катастрофалниот земјотрес во Сечуан да го претвори во туристичка атракција. Научниците сега прават проценка како на најдобар начин езерото Тагнијшан да го претворат во сликовито место за одмор и релаксација...

Владата исто така повторно ќе го изгради округот Беикхан, кој се наоѓа низводно од новоформираното езеро, на нова локација, бидејќи старото седиште на округот е уништено. Сеуште не е одлучено каде точно ќе го градат.

Обновата на езерото и неговото претворање во живописно место за туристи ќе биде „важен дел во еновирањето на округот Беикхан “

Беикхан и подрачјето кое го окружува, исполнето со големи бамбусови шуми, резервати за панди и различни етнички kina_ezero.jpgмалцинства, традиционално и досега беше популарно туристичко одредиште.

Езерото кое се наоѓа во северниот дел на провинцијата Сечуан се формираше по разорниот земјотрес кој се случи на 12 мај годинава. Земјотресот едноставно откина една страна од планината, која потоа се лизна во долината каде го попречи течењето на реката. Така се создаде езеро.

На почетокот од овој месец повеќе од 250000 луѓе се евакуирани поради стравот дека езерото би можело да се преполни и да ги поплави подрачјата кои му се наоѓаат на патот.

Од 34 езера кои се создадоа по земјотресот, Тангишјан е најголемо и е едно од 27те кои веќе не се сметаат за опасни. Извештајот на кинеската влада не даде никакви детали за плановите за изградба на езерото.

Земјотресот со јачина од 7,9 степени усмрти повеќе од 69 000 луѓе, иако кинезите тврдат дека проценката за бројот на загинати е околу 80 000, бидејќи повеќе од 18 000 луѓе се сметаат за исчезнати.

Би можело да ве интересира:

Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности Исчезнувањето на актерот Џо Пичлер, но и убиството на Елизабет Шорт која била пр...
„Направете нешто смешно со фоткава“ - Кога Фотошоп генијалци сериозно ќе си ја сфатат работата „Може ли некој да го тргне мојот бивши од фоткава?“ - луѓе на Редит бараат од пр...
14 актери кои не се плашат да се трансформираат до непрепознатливост за улога (фото) Од Вилем Дефо, преку Антонио Бандерас до Деми Мур - некои актери не се плашат да...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
Морничави уметнички ремек-дела за кои сите би требало да знаат Сликата на Фрида Кало инспирирана од нејзиниот спонтан абортус, како и сликата н...
14 забавни фотографии кои раскажуваат неочекувани приказни „На татко ми му купив картонска фигура од Мистер Бин во реална големина и сега ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg