Ако планот А не ви успее, потсетете се дека азбуката има уште 30 букви
Сте зацртале одредена цел, но планот не ви функционира според замислата? Се разочарувате и веднаш се откажувате, без да се сетите дека доколку планот А не ви успее, азбуката има уште 30 букви.
Ако и тие не ви се доволни, секогаш ќе може да се потпрете на кинеската азбука, но никогаш не смеете да се откажете.
Вашите соништа се тие што ве одржуваат во живот. Доколку ги немате нив и живеете во монотонија, ќе станете мртовец во живот тело, без дух кој талка низ светот но, не живее.
Сигурно не го сакате тоа, нели?
Размислувајте надвор од кутијата - најновата фраза на 21 век која мора да ја применувате. Ако не знаете како започнете од овие интересни и необични чекори кои ќе ви дадат нова перспектива.
- Доколкку сакате да решите некој проблем прво набројте ги лошите решенија, правилното ќе се појави само на крајот.
- Секогаш барајте позитивни работи во негативните, бидејќи каде што е застапена црната боја, секогаш се надополнува белата за баланс.
- Секогаш гледајте од перспективата и на другите луѓе кон светот и водете се според нивните мудри постапки.
- Не се потпирајте секогаш врз искуството, бидејќи новите проблеми успешно не се решаваат со стари решенија.
- Верувајте им на интуицијата и срцето, тие никогаш нема да ве излажат.
- Секогаш имајте резервен план, едноставно нема секој почетничка среќа која ќе го крене во облаци со првични позитивни резултати.
- Бидете смирени, бидејќи секој проблем има решение - ако не верувате во ова, вие создадете го решението!
- И за крај - користете го вашиот мозок 100 % иако е докажано дека луѓето може да користат само 10% од него.
Здружете се со вашата интелегенција и трпение кои на крајот ќе ве доведат до посакуваната цел доколку ја играте играта на животот правилно, а тоа е никогаш да не се откажувате од вашите соништа!