Пролетни активности кои морате да ги направите
Едвај чекаме да се заврши зимното и тмурно време, а пролетното доба поминува толку брзо. Па затоа „зграпчете” ги овие пролетни денови и направете нешто ново или нешто што одамна не сте го направиле.
Овие активности, додадете ги на вашата листа за работи кои морате да ги направите оваа пролет:
Насадете го вашето омилено цвеќе
На тераса или во градина,сеедно сепак направете го тоа. Секојпат кога ќе се враќате дома ќе ви измамува насмевка на лицето кога ќе видите како напредува вашето растение.
Долги прошетки
Во било која доба од денот, прошетајте. Дождот нека не ви биде изговор,едноставно уживајте и гледајте како се буди светот заедно со пролетта.
Организирајте пикник
Повикајте ги вашите пријатели,излезете од градот и организирајте пикник. Првата добра работа е што ќе уживате надвор на чист, свеж воздух а, втората работа е што ќе заштедите на пари.
Уживајте во светлината на денот
После толку месеци на сивило и магла,време е да одвоите некој час седејќи и набљудувајќи ја светлината на денот.
Гледајте ѕвезди
Гледањето ѕвезди пред да заспиете може да има многу релаксирачко дејство. „Распуштете” ги вашите мисли и набљудувајте како ѕвездите го потполнуваат небото над вас.