Вистинскиот момент е кога вие сте подготвени
Сите сме во некаква потрага по тоа кога е вистинскиот момент. Постојано сме во спрега со тоа чудно прашање: дали е вистинскиот момент сега? А кога е?
Најголемиот проблем е што додека чекаме да дојде вистинскиот момент, времето си поминува. Па така и се враќаме назад на прашањето: кога е вистинскиот момент? Немојте да очекувате или да чекате некој да ви помогне околу наоѓање на одговорoт на тоа прашање, затоа што вистинскиот момент е кога вие ќе се почувствувате подготвени! Тоа е најпростиот одговор.
Еве ви некои совети, како побргу да дојдете до вистинскиот момент, односно да се почувствувате подготвени:
- Немојте да седите со скрстени раце и ништо да не преземате, бидете сигурни дека никогаш нема да дојде вистинскиот момент.
- Истражувајте наоколу за тоа што сакате да направите. Видете како другите го направиле тоа. Консултирајте се.
- Прашувајте наоколу, но немојте да применувате сè што ќе ви кажат. Учете од туѓите грешки (можeби звучи како клише, но мое е да кажам) и ако може да не ги повторувате нивните грешки, уште подобро.
- Намалете ги можните ризици до нула или многу малку. Тоа ќе го направите, ако планирате квалитетно и доволно време.
- Доколку финансиите се проблем (а речиси се секогаш), истражете ги сите опции за наоѓање инвестиции (банки, пријатели, кофинансиери, роднини, итн.)
- Имајте време и за себе и за себеанализирање, можеби и ќе согледате некои работи што ќе ви помогнат.
- Размислете многу и за вашата иднина, надвор од работата или обратно.
- Побарајте, ако ви треба, поддршка од блиската околина, но немојте да се декуражувате доколку не ве поддржат...
- Верувајте во себе
За што и да сте чекале дали е вистинскиот момент, немојте да чекате туку почнете да доаѓате до тој момент што побргу, ако не и веднаш. Вистинскиот момент е кога сте вие подготвени.
Со успех во промените,
Калин Бабушку
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг