7 работи кои мора да ги знаете додека ја планирате вашата венчавка

Планирањето на венчавката е како мешавина на црното и белото, тоа е најубавиот и најстресниот момент во животот. Искуството е најдобриот учител, па затоа добро запаметете ги овие 7 совети од девојки кои веќе поминале низ овие води.

7-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-dodeka-ja-planirate-vasata-vencavka-01

1. Несогласувања

Стресот при планирањето често може да доведе до расправија и несогласувања со буквално секоја личност. Одете чекор по чекор и решавајте ги проблемите на мирен начин. Сфатете дека нема да се согласувате за 90% од работите.

2. Буџет

Сѐ ќе ве чини повеќе отколку што планиравте, имајте го тоа на ум. Внимавајте на трошоците за ситници кои не се неопходни.

3. Емоции, емоции, емоции...

Ќе бидете преплавени со емоционални моменти и не секогаш ќе можете разумно да размислувате и донесувате одлуки. Кога и да ви е потребна помош, не се срамете да ја побарате. Поблиските ќе бидат среќни што можат да ви помогнат и да го остварат вашиот сон.

4. Гости кои доцнат или воопшто не се појавуваат

Оние на кои најмногу сте се надевале може да бидат попречени да дојдат, па затоа убаво планирајте ги распоредите на гостите.

5. Додека планирате - запишувајте

Заборавете на ветувања, запишете си сѐ што сте договориле со родителите и останатите блиски. Особено околу финансиите за да не дојде до недоразбирања.

6. Традиции

Она што не ви се допаѓа не го правете. Доколку не сакате некоја традиција на вашата свадба можете да ја изоставите. Наместо неа, внесете нешто весело, младалачки, момент кој ве тера на насмевка.

7. Невести, не заборавајте на планот Б за обувките

Колку и да ви се чинат штиклите удобни секогаш може да понесете балетанки. Никој нема да ви замери,а вие безгрижно ќе уживате во остатокот од ноќта.

7-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-dodeka-ja-planirate-vasata-vencavka-02

Слободно споделете ги и вашите искуства со идните младоженци и невести.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Хемотерапија, панични напади и уште 14 работи кои не можете да ги разберете, ако не ги искусите Никој што не доживеал панични напади, не примал хемотерапија или не доживеал стр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg