Босанците имаат вистинска хит пародија на рекламата со Жан Клод ван Дам (видео)
Откако рекламата за „Волво“ во која Жан Клод ван Дам прави шпага додека е застанат на два камиона кои се движат, стана вистински хит, следуваше одговор од страна на Чак Норис.
Но, овојпат има нешто уште полудо од двете реклами, смислено од тројца откачени Босанци.
Тројца момци од село Саница, решиле да се обидат да влезат во улога на Ван Дам, но на нивни начин.
Алмир Мехмедовиќ го глумел Жан Клод, застанат со нозете во две колички, кои ги туркаат двајца негови пријатели.
Ова видео стана вистински хит на социјалните мрежи со над 250.000 прегледи на YouTube, а лудите Босанци ветуваат уште многу вакви видеа.
Вака изгледаше оригиналната реклама, доколку заборавивте: