Што е Дежа Ву?
Феноменот дежа ву ги привлекува научниците од целиот свет уште од времето на Карл Јунг. Особената таинственост на оваа појава и ја придава фактот...
...што е невозможно вештачки да се предизвика и следствено на тоа, сите истражувања имаат спонтан карактер.
Еден постар Полјак, поранешен инженер, чие име не се наведува, престанал да гледа ТВ и да чита весници откако открил дека веќе му се познати нивните содржини.
Тој е убеден дека сè околу него веќе се има случено, и никој не може да го разубеди. На предлогот да појде кај психијатар пензионерот одговорил со одбивање - веќе знаел што ќе му каже докторот.
Психоневролозите се убедени дека 80-годишниот Полјак е жртва на долготрајна состојба на дежаву која понекогаш се јавува кај луѓето кои страдаат од епилепсија или шизофренија.
Сепак, објаснувањето на ефектот на „лажното сеќавање“ со некакво заболување е несоодветно - бидејќи постои мнозинство здрави луѓе кои барем еднаш во животот ја искусиле таа појава.
Изразот „дежа ву“ е француски, и кај нас се преведува со изразот „веќе видено“. Бил предложен кон крајот на 19 век од психологот Емил Буарак.
Овој феномен спаѓа во групата слични необични доживувања, како, на пример, „дежавекју“ (веќе преживеано) и „дежаентенду“ (веќе слушнато).
Првото биолошко објаснување подразбирало дека двете очи не само што го воспримаат светот во разнобоен дијапазон, туку и со одредена микроскопска временска разлика.
Како што секоја хемисфера добива сигнал само од едното око, тогаш разликата во добиената информација, кога едното око веќе го видело настанот, а второто само го набљудува, се нарекува дежа ву.
Оваа теорија го добила називот „ментално удвојување“ и долго време се сметала за веродостојна, сè додека појавата на веќе видено не е откриена и кај слепите лица.
Денес како главен виновник за појавата на дежа ву се смета органот за моментални реакции на мозокот - хипокампот, за што постои и теоретско објаснување.
Имено, хипокампот е одговорен за повеќето функции на мозочната активност, и во таа смисла и за распознавање и барање аналогии на предметите од околината.
Научниците претпоставуваат дека слични барањa се произведувaат и во деловите на сеќавањето кои чуваат мемории за „шаблоните“ на надворешниот свет. Па така, кога човек ќе види стол, тој го препознава по условниот модел зачуван во неговото сеќавање.
Одредени состојби на мозокот - висока температура, настинување, давење и неколку заболувања - можат да го воведат хипокампот во состојба на „паника“. Притоа, видената слика на околината веднаш се запаметува без дополнително анализирање, каде што мозокот за дел од секундата се обраќа за помош. И така, се човекот ја споредува ситуацијата со видената слика, но извлечена од најсвежите сеќавања, што создава ефект на „лажно сеќавање“.
Состојбата спротивна на дежаву се нарекува „жамеву“ (никогаш видено), и при неа човекот губи ориентација во просторот и не ги препознава вообичаената ситуација и познатите луѓе.
Како и дежавуто, така и оваа појава има краткотраен карактер и подеднакво е распространета, иако луѓето поретко и’ обраќаат внимание.
Изучувањето на дежавуто и жамевуто ќе овозможат решавање на една од главните загатки на човечкиот ум - способноста свесно да се разликуваат реалноста, сеќавањата, соништата и фантазијата.