6 реченици кои жените не сакаат да ги слушнат

Жените иако се понежната половина, мажите често знаат да ги класифицираат како послаби и поглупави единки. Па затоа, најчесто користат некои од овие реченици кои ниедна жена не сака да ги слушне, бидејќи ниедна од нив не е вистинита.

6-raboti-koi-zenite-ne-sakaat-da-gi-slusnat-1

Жените се почувствствителни од мажите

Постојат мажи кои се почусвствителни од било која жена. Чувствителноста е всушност дел од карактерот, а секој човек има различен карактер.

Не е во ред сите жени да се класифицираат како чувствителни само поради вашата луда бивша која плачела поради секоја ситница.

Жените се лоши возачи

Дефинитивно една од најомразените реченици за жените.

Се имате ли запрашано зошто повеќе од сообраќајните несреќи ги имаат направено мажи? Жената може да биде подобар возач од еден маж.

6-raboti-koi-zenite-ne-sakaat-da-gi-slusnat-2

Премногу си паметна за една жена

Иако не сте помислиле дека може да ја навредите жената со оваа реченица, сепак сте го сториле тоа. Кога ќе ја повторите неколку пати во вашата глава ќе забележите дека контекстот не е во ред.

Но, доколку навистина ја потценувате женската интелегенција, бидете свесни дека грешите. Докажано е дека женскиот пол е поинтелегентен од машкиот.

Секоја жена сака да има богат сопруг

Денес секоја жена сака да живее и заработува сама бидејќи е свесна дека е способна за тоа и нема потреба од богат сопруг.

Оваа реченица најчесто ја користат мажи кои во својот живот не сретнале независна девојка која е способна да си го плати пијалакот.

6-raboti-koi-zenite-ne-sakaat-da-gi-slusnat-3.jpg

Жените сакаат лоши момци

Дали мажите сакаат љубоморна девојка со непримерно однесување, која на крај ќе ги остави? Доколку одговорот е не, зошто жените би го сакале тоа од мажите?

Изгледаш одлично за твоја возраст

Дефинитивно најнавредливата реченица која никоја жена не сака да ја слушне. Посебно доколку е на постара возраст.

Бидете внимателни во вашето изразување. Иако сте сакале да дадете комплимент, сте ги избрале погрешните зборови за тоа.

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg