Идеалната жена би требало да биде...

Секој маж има свој тип на идеална девојка. Некои се определуваат за доминантен изглед, други за интелигенција, а трети ги сакаат двете во комбинација. Но, и покрај тоа што мажите сакаат различни типови жени, има неколку карактеристики кои ја опишуваат идеалната слика за девојката од нивните соништа.

idealnata-zena-bi-trebalo-da-bide-01

Опуштен карактер

Секое момче би посакало девојка која знае убаво и културно да се однесува  со неговите пријатели, а и со него. Доколку има смисла за хумор, тоа е голем плус.

Опуштениот карактер е една од најважните карактеристики кои една девојка треба да ги поседува за да стане идеалната прилика за него.

Добриот разговор

Тесно поврзан со опуштениот карактер е добриот разговор. Ниедно момче не сака девојка која нема што да каже или во најлош случај, да зборува само за себе.

Љубомора

Верувале или не, мажите понекогаш ја сакаат женската љубомора. Таа му докажува дека девојката се грижи и не сака да го изгуби, а најважно од сè има чувства кон него.

idealnata-zena-bi-trebalo-da-bide-2

Привлечност

Иако карактерот и разговорот се важни особини, понекогаш пресудува физичката привлечност на девојката.

Една девојка треба прво да го привлече окото на мажот, а потоа да го задржи со својот карактер.

Искреност

Една од најважните работи кои мажите сакаат нивната жена да ги поседува е искреноста, бидејќи таа е темел на секоја здрава врска.

idealnata-zena-bi-trebalo-da-bide-1

Независност

Ништо не ги привлекува момците повеќе од една независна девојка, која знае да заработува и да живее сама. Тоа им укажува дека станува збор за силен карактер кој знае што сака и како да го добие тоа што го сака.

Луда

Звучи лудо, нели? Но, момците сакаат кога девојката знае како да ја лупне вратата пред нос на монотонијата кога таа ќе се појави.

Тие секогаш ќе бидат воодушевени од девојка која ги поседува сите претходни особини, а воедно го задржала и својот авантуристички дух!

idealnata-zena-bi-trebalo-da-bide-3

Би можело да ве интересира:

Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg