10 мали промени за поголемо задоволство

Ако некој ве праша што ви треба за да бидете посреќни, многумина ќе почната да кажуваат желби и големи соништа за многу пари, патувања, забави, автомобили, шопинг, свадби, деца... и што ли уште не!

10-mali-promeni-za-pogolemo-zadovolstvo-1

Но, не е залудно кажано дека среќата е во малите нешта. Има некои мали промени кои може да ги направите и да бидете посреќни и позадоволни.

1. Спијте повеќе

Ова е можеби една од најважните промени кои треба да ги направите за да ви бидат поубави деновите. Можеби сте навикнати дека доволни ви се 6 часа за спиење, но обидете си да легнете порано и да имате осум часа за спиење. Веднаш ќе ја забележите разликата.

2. Гушкајте се

Прегратката и воопшто физичкиот допир со драга личност, причинува големо задоволство. Обидете се да ја задржите прегратката колку можете подолго.

3. Заблагодарете се

Без разлика дали некој ви прави мала или голема услуга, ви ја отвора вратата или ви помага, заблагодарете се. Ќе се чувствувате поубаво.

4. Осавете го телефонот

Макар само еден час дневно, не го гледајте, не го проверувајте и обидете се да се опуштите.

10-mali-promeni-za-pogolemo-zadovolstvo-01

5. Честитајте си

Дајте си и сами комплимент за новата фризура, новата облка или за некоја добро завршена работа.

6. Танцувајте

Ако не можете да одите на часови по танц, барем еден час во денот пуштете си ја дома омилената музика и танцувајте. Чувството е посебно.

7. Осамете се

Покрај сето забрзано темпо во денот најдете половина час кога ќе се затворите во празна просторија, сами, ќе се тргнете од сѐ и ќе гледате во празно без да мислите на ништо. На мозокот му е потребно тоа.

8. Слушајте ја омилената музика

Одберете ги песните кои ве мотивираат, инспирираат и охрабруваат. Пуштете ги додека одите на работа и продуктивноста ви е загарантирана.

9. Проверувајте си ја сметката

Ако редовно си ја проверувате сметката ќе имате поголема контрола на финансиите и ќе се чувствувате посигурно.

10. Дружете се

Барем еднаш во неделата мора да најдете време за да се соберете со пријателите. Само така ќе ја одржите живоста, насмевката и доброто расположение. Ќе имате енергија за новата работна недела.

10-mali-promeni-za-pogolemo-zadovolstvo-2

Би можело да ве интересира:

Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg