Зошто мажите се подобри пријатели од жените
Се имате запрашано зошто мажите се подобри пријатели од жените? Зошто машкото пријателство трае подолго од женското и е посилно?
Ова се причините зошто е тоа така:
Имаат различна перспектива
Ниту еден маж нема да го осуди неговиот пријател поради лошата облека или ноќта помината со девојка што ја запознал во диско, тоа е едноставно негов приватен живот.
А мажите не се мешаат во приватните животи на други мажи.
Имаат одлична смисла за хумор
Тие се навредуваат, си даваат различни животински прекари, прават шега на своја сметка, но никогаш не се лутат еден на друг, како што тоа го прават девојките.
Имаат одлична смисла за хумор кој го зацврстува нивниот однос.
Не се караат за ситници
Машките пријатели не се разнишуваат поради доцнење, откажување на традиционалното кафе поради обврски или заморот од работата кој ги спречува да отидат на вечерната забава, за разлика од девојките.
Имаат поголемо разбирање
Тие не бараат дополнително објаснување кога нивниот пријател ќе раскине со девојката или кога има проблеми со семејството.
Едноставно ќе бидат тука да се ислушаат еден со друг и да си дадат поддршка. Никогаш нема да ги издадат нивните тајни и проблеми.
Девојките за разлика од нив, споделените проблеми на блиските пријателки ги споделуваат со уште 10 личности. Покрај тоа додаваат детали кои се тотално различни од вистинската приказна.
Не се дволични
Никогаш нема да го излажат пријателот дека изгледа одлично, за да бидат поубави од него.