Какви чевли, таков маж
Одамна е останата познатата фраза дека човекот по обувките се познава. Иако звучи многу површно, сепак во многу ситуации се докажало дека има голема поврзаност помеѓу карактерот и чевлите, особено кај мажите.
Тие говорат и за вкусот, стилот, но и за тоа колку мажот се грижи за својот изглед, а со тоа и што сака да истакне од својот имиџ.
Морнарски стил на чевли – претенциозен и длабоко во себе сè уште е мамин син.
Кожни чевли на врзување – Иако може да изгледа премногу сериозно, тој има вкус и свесен е за тоа каков впечаток оставаат квалитетните чевли на луѓето околу него. Но, внимавајте, тој може повеќе да се грижи за своите чевли, отколку за вас.
Каубојки – станува збор за традиционален и семеен тип. Тој ќе ви ја отвори вратата од автомобилот,ако посакате, но потоа ќе го стартува автомобилот и ќе замине со најголема брзина.
Мартинки – ако ви се слабост „лошите момци“ ова е вистински тип за вас.
Сандали и апостолки – ако ги носи на плажа, тоа е во ред. Но, ако ги носи без оглед каде се наоѓа, тогаш се работи за премногу опуштена личност.
Длабоки патики – самоуверен, сака музика и спорт. Сепак, внимавајте да не се заиграте премногу.
Бели патики – него повеќе го интересира библиотеката отколку девојките. Сака математика и видеоигри, а ако му дадете шанса може и вистински да се вљуби во вас.
Платнени патики – Веројатно уште оди во училиште или итно му треба стилист. Нему не му е важно како изгледа и премногу е мрзлив за да се заморува со тоа. Доколку сакате да се занимавате со трансформации, тогаш овој тип на момче ви е вистинска пракса.
Го пронаоѓате ли својот партнер меѓу овие типови момци, според обувките?