Што може да научите од Бијонсе?
Убава, успешна, популарна, богата, вљубена. Што повеќе може да посака една жена? Сето ова го има прекрасната пејачка Бијонсе. Волшебен глас, одлична кариера, милиони фанови, брак без афери, луксузен живот.
Но, сето тоа не е преку ноќ. Создавано е од нејзина најмала возраст за сега да ги собира плодовите од сето тоа. Со оглед на искуството и успесите што ги има зад себе, дефинитивно тоа е жената од која сите може да научат нешто.
Може да бидете и секси и пристојни
На повеќето жени ова им е тешко. Ако сакаат да се облечат за ноќно излегување и да ги покажат своите адути, знаат да претераат и да ги покажат сите атрибути делувајќи просто и евтино. Треба да ги оставите мажите за нешто да фантазираат. Бидете секси, но со стил.
Можно е да напредувате во кариерата, а истовремено да го поддржувате својот партнер во неговиот успех
Сите знаеме колку е успешна Бијонсе, но колку е истовремено и покрај својот сопруг Џеј Зи и колку се радува на неговите успеси. Можно е и двајцата да бидете успешни и никој не мора да ја жртвува кариерата за другиот.
Мора да почнете да го работите она што го сакате, веднаш!
Бијонсе почнала да пее кога имала само 7 години и цел живот работи за да ги оствари своите соништа, а тоа без сомнеж ѝ се исплати.
Наместо да зборуваш за нешто, работи на тоа
Приказните за тоа што сакаш, што би требало и што не чини, не води никаде. За почеток, помалку зборувајте и почнете да работите.
Не дозволувајте другите да видат кога ви е тешко!
Не се предавајте и не се жалете наоколу. Засукајте ги ракавите и работете. Поправете ги работите кои ви пречат, направете го својот живот поубав. Ако моментално не ви е добро, не мора тоа да го знае целиот свет. Светот го гледа она што му дозволувате да го види. Затоа претставете му го само најубавото.